Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еди Рама: Ќе направиме се оваа деценија да влеземе во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Еди Рама: Ќе направиме се оваа деценија да влеземе во ЕУ
БАЛКАН

Еди Рама: Ќе направиме се оваа деценија да влеземе во ЕУ

Објавено December 24, 2024 21:00
Сподели
Сподели

Албанскиот премиер Еди Рама вечерва изјави дека „Албанија нема план Б, туку само неоспорен и непроменлив план, оној за влез во Европската унија“.

На традиционалната предновогодишна вечера со претставниците на дипломатскиот кор акредитиран во Албанија, Рама уште еднаш ја повтори амбициозната цел за затворање на преговорите на крајот на 2027 година, додавајќи дека „во оваа деценија ќе дадеме се што имаме, за членството да стане реалност“.

Премиерот увери дека „Албанија ќе продолжи неуморно да работи за интеграција преку промовирање на мирот и соработката преку дијалог со сите во регионот”.

Осврнувајќи се, меѓу другото и на парламентарните избори, што ќе се одржат на 11 мај 2025 година, премиерот увери дека, без разлика за која политичка партија ќе гласаат Албанците, сите ќе одлучат да се држат до вредностите и принципите на евроатлантската заедница.

Како што се приближуваме до новата изборна година, сигурен сум дека прашањата за претстојните општи избори брзо ќе се најдат во вашите белешки и извештаи. Верувам дека имам прилично добра идеја кој ќе биде победник, но, настрана шегата, можам да ве уверам дека, без разлика за која политичка партија ќе гласаат Албанците, сите тие ќе одлучат да се држат до своите вредности и принципите на Евроатлантската заедница, промовирање на постигнувањето на историската цел да станеме добри и горди членови на обединетото европско семејство, поддршка на индивидуалните слободи, владеењето на правото и демократијата, нагласи премиерот Рама.

Според него „ова се заложби за кои не може да се преговара кои ги надминуваат возраста, полот, подрачје или политичкото убедување на Албанците“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прилепчанец пронајден мртов во камп приколка
Следна Статија Омерагиќ и Пандев се сретнаа со Милевски: Репрезентацијата секогаш треба да биде над сите, тоа е национален интерес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

ВИДЕО: Припадник на СНС извади пиштол на демонстрантите, Дачиќ тврди дека бил воено лице на задача

Во просториите на Српската напредна партија во Нови Сад, поддржувачи на Српската напредна странка се судрија со граѓани, а едно…

August 14, 2025
БАЛКАН

Вечерва низ цела Србија се одржуваат протести по насилството на поддржувачите на СНС врз студентите во Нови Сад

По бруталните сцени на насилство што беа видени синоќа во Нови Сад, студентите и граѓаните повикаа на протести во неколку…

February 17, 2026
БАЛКАН

Во Србија под блокада се над 40 факултети

Студентите од четири универзитетски центри во Србија и неделава ја продолжуваат блокадата на факултетите и ректорските управи со поддршка од…

December 11, 2024
БАЛКАН

Петер Маѓар: ЕУ прво да го прими Западен Балкан, па после Украина

Унгарскиот премиер изјави дека Европската Унија треба да ги прими земјите од Западен Балкан пред Украина, за да го зачува…

May 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?