Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бигорски манастир: Да го прифатиме намалувањето на цените во празничните денови како општествена кауза
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бигорски манастир: Да го прифатиме намалувањето на цените во празничните денови како општествена кауза
МАКЕДОНИЈА

Бигорски манастир: Да го прифатиме намалувањето на цените во празничните денови како општествена кауза

Објавено December 25, 2024 12:40
Сподели
Сподели

По повод двата најголеми христијански празници, Рождество Христово-Божиќ и Христовото воскресение – Велигден, Свештената бигорска Обител, секоја година се обраќа до јавноста и повикува на солидарност, милостивост и автентично прославување на празниците.

За таа цел и сега апелира до сите правни субјекти, односно до сите трговци и сопственици на маркети и на големопродажни објекти, да се вклучат конструктивно и сеопфатно во иницијативите за намалување и непоскапување на цените на производите, со што „милосрдно и општествено одговорно ќе се пристапи кон посиромашните категории и ќе се овозможи и тие да ги почувствуваат празничните денови во радост, заедништво и барем помала безгрижност“.

Намалувањето на цените на основните производи од потрошувачката кошница е древна, но и современа практика насекаде во светот, но за жал, не и во македонското општество. Трендот на поскапување на цените во пресрет на големите христијански празници, го наследивме од претходниот атеистички општествен систем, кога верата била ставена на маргините од општеството. Пред овој, лишен од вистинско човекољубие режим, нашите предци постојано се грижеле за сиромашните, трудејќи се на секаков начин да им го олеснат бремето на животот, помагајќи им достоинствено да си ги прослават празниците, со што и автентично ја сведочеле верата, која според апостолот, е непостоечка без добри дела, стои во апелот на Свештената бигорска Обител.

Се посочува дека имајќи предвид дека ваквите апели може да повлијаат на економските придобивки на трговците, сепак, сметаме дека многу важна компонента на празникот Божиќ е засилување на добродетелноста на давањето од своето и од себе, и затоа на оваа доблест гледаме како на жртва, чиј најсовршен облик го имаме во Христовите личност и дела.

Дополнително, ја изразуваме нашата поддршка и за иницијативите на претседателот на Владата, Христијан Мицковски, кој преку јавните гласила директно им се обрати на трговците, барајќи оваа кампања да се сфати како општествена кауза – прекупотребна за нашето сенародно единство, која се темели врз добродетелните вредности на верата и врз моралот, како вредносен општествен систем, се нагласува во апелот на Бигорскиот манастир.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По примерот на Зеленски: Актерот Драган Бјелогрлиќ сака да биде претседател на Србија
Следна Статија Мицкоски: Направена е историски најголема исплата за субвенции за земјоделците до сега во независна Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: До почетокот на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека на седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ синоќа е донесеа одлука за осум нови кандидати…

June 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални

Во синоќешното гостување во „За или против“ на Алфа телевизија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски говореше за измените на…

January 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Секој македонски граѓанин изминатата година создал по 438 килограми комунален отпад

Минатата година во земјава биле собрани вкупно 637 471 тон комунален отпад, што е зголемување во однос на претгодните години,…

December 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

И него Бугарите сакаат да ни го земат: Утре е Св.Наум Охридски

Во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ на Охридското Езеро вечерва по повод празникот посветен на Свети Наум Охридски Чудотворец ќе се…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?