Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бизнисмените и Антикорупциска заедно ќе се борат против корупцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бизнисмените и Антикорупциска заедно ќе се борат против корупцијата
ЕКОНОМИЈА

Бизнисмените и Антикорупциска заедно ќе се борат против корупцијата

Објавено December 25, 2024 16:40
Сподели
Сподели

Стопанската комора на Македонија и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) потпишаа Меморандум за соработка, кој има за цел да ја зајакне борбата против корупцијата и да го унапреди интегритетот во општеството. Оваа иницијатива е дел од проектот „Граѓаните против корупцијата“, поддржан од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

На состанокот, кој се одржа во просториите на Стопанската комора, беа презентирани активностите на Стопанската комора во рамки на проектот, вклучително и резултатите од анкетата што Комората ја спроведе за изложеноста на компаниите на коруптивни барања од јавниот сектор во 2023 година. Беше дискутирано и за обуките за бизнис интегритет, кои се дел од проектот, а опфаќаат поставување на систем за интегритет во компаниите, усогласување со меѓународните и европските стандарди, примена на мерки за спречување на корупцијата и поттикнување на етичка деловна средина.

Меморандумот за соработка го потпишаа претседателот на Комората, Бранко Азески и претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска. Тој предвидува одржување на средби меѓу претставниците на двете институции, со можност за вклучување на компании членки на Комората и други релевантни институции со надлежности за спречување на корупцијата. Оваа рамка за соработка опфаќа учество во работни групи заради промена на законска и друга регулатива од областа на спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и учество во изготвувањето на новата национална стратегија за спречување на корупцијата и имплементација на активностите од истата. Меморандумот предвидува соработка при реализација на настани-јавни дебати, работилници, конференции, тренинзи насочени кон зголемување на свеста кај јавноста за прашања поврзани со спречување на корупцијата и јакнење на интегритетот.

Програмата „Граѓаните против корупцијата“ е предводена од Македонскиот центар за меѓународна соработка, поддржана од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), а се реализира преку Конзорциум на разновидни учесници, меѓу кои и Комората како претставник на приватниот бизнис сектор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Борбата за правда и за правна држава е борба за задржување на младите и за иднината на државата, вели Сиљановска Давкова
Следна Статија Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонските граѓани должат над четири милијарди евра на домашните банки

Според најновите податоци на Народната банка, физичките лица во Македонија должат 265,46 милијарди денари или околу 4,32 милијарди евра на домашните банки. Потрошувачките кредити имаат најголем…

March 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Географските ознаки за вино се единствен пат за развој на винарство и лозарство во Македонија

Воспоставувањето систем за географски ознаки за вино е клучен чекор во дефинирањето и унапредувањето на стандардите во производството и заштитата…

July 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Средба на Ангеловска-Бежоска и Сојузот на средношколците: Финансиска едукација наместо финансиски совети од инфлуенсери на социјалните мрежи

„Mладите не смеат да се потпираат на непроверени извори за финансиски совети, финансиската едукација преку формалните канали не смее да…

April 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Над 3,5 милиони евра годишно одат неповрат за гас што Македонија не го користи

Од октомври лани секој месец од државниот буџет се трошат по близу 300 илјади евра за закуп на природен гас…

May 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?