Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Проданоски: Граѓаните гласаа за да има правда во државата и тоа се реализира
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Проданоски: Граѓаните гласаа за да има правда во државата и тоа се реализира
МАКЕДОНИЈА

Проданоски: Граѓаните гласаа за да има правда во државата и тоа се реализира

Објавено December 25, 2024 23:00
Сподели
Сподели

Во вечерашното гостување на Телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Проданоски кој се осврна на актуелната тема односно акцијата спроведена од страна на Министерството за внатрешни работи поврзана со истрагите за Државната лотарија.

Проданоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција предупредувала дека сериозно е исполитизирано обвинителството и судството и дека ова е најмалку што можела да го направи оваа Влада за покренување на обвинителството за да ги поднесе кривичните пријави и нагласи дека при ова акција немало театар.

„Ако земеме во обзир дека ние повеќе години наназад како партија предупредувавме дека е сериозно исполитизирано и судството и обвинителството сметам дека е најмалку што можеше да направиме да на некој начин го покренеме обвинителството да направи некој чекори во покревањето на кривична пријава. Можам да ја потврдам тезата дека е поразлично и дека е поинаку при овие кривични пријави немаше драма немаше театар“, рече Проданоски.

Пратеникот исто така посочи дека полицијата бележи историски напредок во разоткривањето на криминалот од висок степен и дека ова е тоа што граѓаните сакаат да го видат а впрочем за тоа и гласале.

„На добро изградени случаи мислам дека овој е историски напредок на полициските службеници во разоткривање на криминалот од висок степен и мислам дека одиме во вистинска насока, нашите граѓани гласаа за ова, гласаа за да има правда во оваа држава и сметам дека се движиме во вистински правец без политички примеси во дејствувањето на одредени органи“, објасни Проданоски.

Проданоски нагласи дека заради нарушувањето на системите во изминатите години државата е дојдена до ваква ситуација и дека иселувањата се врз основа на несигурноста во системот а не од економска природа.

„Ние заради нарушување на сите системи кои постоеја во минатото дојдовме до една ваква ситуација да белата чума е толку распространета. Последните иселувања се врз основа на она што значи несигурност во системот а не од економска природа“ дециден е Проданоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Паднав пред џип, возачот не ме виде и ќе ме смачкаше – Познат македонски доктор доживеа тешка несреќа
Следна Статија Бајден по масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура: „Зголемете ја нашата испорака на оружје“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Агелер: Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош

Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер по ставањето на Груби на црната листа: Политичкото мешање во судството не може и нема да се толерира

По објавата дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се новите две имиња на црната листа на…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: АСНОМ е неизбришливиот жиг на Македонската борба, македонската нација е создадена со многу труд и со огромни жртви

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје истакна дека…

November 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе им поставува клими на настраданите во Кочани

Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо Горѓиев од Виница испрати силна порака на хуманост. Тој понуди бесплатна монтажа на…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?