Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вкупно 139 случаи на грип пријавени минатата недела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Вкупно 139 случаи на грип пријавени минатата недела
ЗДРАВЈЕ

Вкупно 139 случаи на грип пријавени минатата недела

Објавено December 26, 2024 12:20
Сподели
Сподели

Во текот на 51. недела од 2024 година, од 16 до 22 декември, во Република Македонија се пријавени 139 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 17,8 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен утрово.

Деведесет и пет лица се на возраст од 15 до 64 години. Дваесет и четири се деца на возраст од пет до 14 години, 12 на возраст до четири години. Осум лица се на возраст над 65 години. Највисока инциденца (12,4/100.000) се регистрира кај децата на возраст до четири години.

– Заболените се пријавени од 16 ЦЈЗ/ПЕ, Дебар – 42, Гостивар – 33, Куманово – 22, Тетово – 15, а во Прилеп, Скопје, Кавадарци, Охрид, Струга, Неготино, Македонски Брод, Струмица, Битола, Свети Николе, Кратово и Штип, бројот на заболени е еднаков или помал на пет. Во 14 извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во Гостивар – сезонска, а во Дебар – средна активност на вирусот на грип, пишува во извештајот.

Во сезоната 2024/2025, вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грип, изнесува 799, а во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е намален за 10,2 отсто.

Заклучно со 51. недела, во државава вакцинирани се вкупно 72.125 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Недопрени останки од бебе мамут стари 50.000 години откриени во Сибир
Следна Статија Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси- Министерството за енергетика со нов тарифник воведува ред и фер наплата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Околу илјада лица со договор на дело во јавните здравствени установи ќе треба да добијат решение на неопределено време

На околу илјада лица кои работат со договор на дело на клиниките и во јавните здравствени установи ќе треба да…

December 6, 2024
ЗДРАВЈЕ

Ракот на дојка бара системски пристап: Експертите повикуваат на рано откривање, превенција и едукација

Во услови на растечка инциденца и сѐ помлада возраст на пациентките, експертите алармираат – неопходно е подигнување на свеста, организиран…

October 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Најголема студија досега покажува дека медицинскиот канабис има потенцијал во лекувањето на ракот

Најголемата студија досега која го истражува медицинскиот канабис како третман за рак, објавена оваа недела во Frontiers in Oncology, откри…

April 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пет претставки од граѓани до ФЗО за кардиолошките случаи

Стручната комисија за кардиохиругија работи на случаите, а во неа се вклучени и двајца претставници од Фондот за здравстено осигурување…

September 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?