Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“
ХРОНИКА

Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“

Објавено December 26, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, за МИА потврди дека има лице од институцијата поврзано со случајот „Државна лотарија“ кое треба да биде спроведено во обвинителство.

На прашање дали има сознанија во врска со изјавата на министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска, која на денешната собраниска седница кажа дека поради злоупотреба на буџет е уапсено лице од Управата за финансиска полиција, Ивановски одговори потврдно.

Да, точно е, има лице од Финансиската полиција поврзано со случајот „Државна лотарија“. Да почекаме да го однесат во обвинителство па ќе споделиме повеќе информации, рече директорот.

МИА се обрати и до Минстерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, од каде ни посочија дека ќе ги проверат наводите и потоа ќе информираат.

Помеѓу осомничените во случајот со Државна лотарија се и поранешниот вицепремиер, Артан Груби и ексдиректорот на Лотарија, Перпарим Бајрами, кои се во бегство.

За двајца од осомничените во случајот постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Проневера во службата, а за уште четири лица е поведена постапка за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секогаш кога ќе ја видат „Соравија“ граѓаните си спомнуваат дека зад вашата реторика стои злоупотреба за финансиски бенефит
Следна Статија Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор и финансиер на „параполициска воена формација“ и ме следеле физички – за ова ќе има одговорност!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Само куќен притвор за осомничените во случајот со РЕК Битола, Обвинителството ќе се жали на одлуката на судот

Нема мерка притвор за двајцата осомничени во предметот за злоупотреби со јавни набавки во РЕК Битола. Основниот суд во Битола…

October 10, 2025
ХРОНИКА

11-годишник тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во училиште во Прилеп

11-годишен ученик е тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп. Ученикот со тешки телесни…

January 21, 2025
ХРОНИКА

Малолетник играл фудбал во двор со другарчиња: Со топката удрил повозрасна жена, го нападнала со метална шипка

На 12.04.2025 година во 22.00 часот во СВР Скопје, С.Б.(30) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 17.30 часот во…

April 13, 2025
ХРОНИКА

„Ниту една казна нема да биде доволно“ – Обвинителството бара доживотен затвор за убијците на Вања и Панче

Обвинителката Ана Стоилковиќ Димитровска имаше завршни зборови за убиствата на Вања и Панче, и побара доживотен затвор за Љупчо Палевски,…

June 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?