Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дурмиши:Турските инвестиции сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дурмиши:Турските инвестиции сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјата
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши:Турските инвестиции сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјата

Објавено December 26, 2024 18:40
Сподели
Сподели

„Македонија има одлични услови за привлекување на странски инвестиции и во Слободните економски зони каде што големи поволности се предвидени за странските инвеститори, но и надвор во зоните. Нашата стратегија е да постигнеме подобар економски развој не само на Република Македонија, туку и на целиот регион, кажа министерот за економија и труд Басар Дурмиши на бизнис форумот и деловни средби меѓу Република Македонија и Република Турција кој што се одржа денеска во хотел Хилтон.

На бизнис форумот учествуваше и министерот за трговија на Турција Омер Болат кој е во еднодневна посета на Македонија како и компании од Турција и Македонија.

Министерот Дурмиши истакна дека Македонија и Турција имаат одлична билатерална и трговска соработка која има простор да се зголеми во наредниот период.

„Турските инвестиции се едни од најбројните во земјата и сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјава со околу две милјарди евра. Владата во бизнис секторот и во инвеститорите гледа партнери за поддршка на развојот на економијата. Преку отворен и континуиран дијалог со бизнис заедницата сакаме да изградиме партнерски односи кои носат резултати.Со Законот за финансиска поддршка на инвестициите сите компании кои работат во Македонија и домашните и странските инвеститори имаат исти услови и можности за добивање поддршка од државата. Со концептот на воспоставување на Технолошките индустриски развојни зони привлечени се повеќе од 35 мултинационални производствени компании со глобално влијание„ кажа министерот Дурмиши и ги повика турските компании да инвестираат во земјава и да ги прошират своите инвестиции, а Владата ќе обезбеди најповолна бизнис клима за работа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Што го одбележа светот во годината што изминува: Победата на Трамп и подемот на десницата во Европа
Следна Статија Затворени сите аеродроми во Москва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Експертите откриваат која криптовалута има најголем потенцијал

Аналитичарите ширум светот следат платформи кои решаваат вистински технички проблеми, а не монетите кои најмногу се издвојуваат на социјалните мрежи.…

August 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Wizz Air ја затвора својата база во Виена до март 2026 година

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија Wizz Air објави во среда дека ќе ја затвори својата база во Виена до март 2026 година,…

September 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Пазарен инспекторат на терен: Засилени инспекции за „Black Friday“

Државниот пазарен инспекторат ќе врши редовни и вонредни надзори за време на викендот, а посебно внимание ќе биде посветено на…

November 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Колку тендери има добиено Марковски компани од РЕК Битола?

Марковски компани е најголемиот тендерџија на РЕК Битола во изминатите години. Иако најголемите тендери ги добива во последните четири години,…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?