Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Синот на поранешниот заменик-министер за внатрешни Назим Буши бил кодошот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Синот на поранешниот заменик-министер за внатрешни Назим Буши бил кодошот
ХРОНИКА

Синот на поранешниот заменик-министер за внатрешни Назим Буши бил кодошот

Објавено December 29, 2024 17:09
Сподели
Сподели

Синот на поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши од ДУИ е осомничен дека е „кртот“ на криминалната група „Барон-Беланоца“, објави ТВ Телма.

Според информации на Телма, Ќерим Буши синоќа бил приведен на распит поради оддавање службена тајна. Го сомничат дека пред десетина дена ја проби акцијата за апсење на припадници на скопското нарко подземје. Се проверува дали тој им дојавил на осомничените дека полицијата доаѓа по нив за да избегаат.

Лицето за кое прашувате на 28.12.2024 беше приведено, при што во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело Оддавање службена тајна, одземен му е мобилен телефон, по што по насока на ОЈО лицето е ослободено“, велат во МВР за „Телма“

Обвинителството на 16 декември отвори истрага против 18 осомничени припадници на скопското подземје, но осуммина од нив не пронајде, а сомнежот е дека некој им јавил да избегаат.

Истрагата за протекувањето на информациите ја води Обвинителството за гонење организиран криминал. Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски е уверен дека информациите не протекле од кај нив.

Јас како државен обвинител можам да ви гарантирам дека од страна на Јавното обвинителство не протекуваат никакви информации за тоа што тие предистраги, тие мерки за следење со месеци биле активни и претходно и ниедна не пробила. Акцијата е пробиена во завршна фаза односно ден два пред да се преземе официјално акцијата. Токму и на таа околност Јавното обвинителство и сега истражува да дознае „кој е кртот“ на пробивање на акцијата, меѓутоа ете успеа два дена пред планираното да спроведе акција и дел од осомничените да ги уапси“, рече Коцевски во интервју за Радио слободна Европа.

Од 18 осомничени за убиства и рекет, полицијата уапси само четворица, а еден сам се пријавил. Тројца од осомничените се во затвор, двајца во притвор, двајца уште од претходно биле недостапни, а шестмина не биле пронајдени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Син ја претепал својата мајка, која со повреди е пренесена во Ургентен центар
Следна Статија Маж пронајден починат во штала

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанка нападната од братот, снаата и внукот

На 23.02.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје, 56-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на…

February 24, 2025
ХРОНИКА

Трпението не ни е јака страна: По кавга во сообраќај маж бил претепан,му го скршиле и ретровизорот

Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје, Ѓ.Д.(43) од Скопје пријавил дека околу 16.10 часот на подрачјето на Центар, по…

July 16, 2025
ХРОНИКА

Јакимовски: Одлуката на судот е скандалозна, ќе поднесеме жалба до Апелација

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, кој е осуден на три години и шест месеци затвор за две кривични дела…

April 23, 2025
ХРОНИКА

Обвинителството отвори истрага за шесткатница дивоградба во Чаир

Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, Основното јавно обвинителство Скопје почна истражна постапка против едно лице за кривично дело…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?