Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Има буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, конкурсите од стартот на новата година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Има буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, конкурсите од стартот на новата година
МАКЕДОНИЈА

Има буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, конкурсите од стартот на новата година

Објавено December 30, 2024 13:20
Сподели
Сподели

Обезбедивме буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, а со почетокот на новата година ќе се објават конкурсите, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари, на брифингот со новинарите, заедно со заменик министерот Јовица Андовски и државниот секретар во Министерството, Бесим Мемеди.

– Ова е дел од нашата стратегија за подобрување на кадровските капацитети во здравството. Се посветивме на детални анализи и подготовка на измени кои ќе донесат долгорочен напредок во здравството. Клучен аспект на оваа работа беше изработката на програма за интегрирање и функционална реорганизација на здравствените единици во јавното здравство. Преку оваа програма се стремиме кон рамномерна регионална распределба на медицинските установи низ целата земја, подвлече министерот.

Тој рече дека еден од најголемите проекти што е започнат, е спојувањето на јавните установи од Комплексот клиники „Мајка Тереза” во нов правен субјект Јавна здравствена установа Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза” Скопје. Притоа додаде дека оваа иницијатива ќе обезбеди поефикасно управување и унапредување на здравствените услуги за сите граѓани.

Паралелно, работната група за дигитализација, составена од експерти, во соработка со Министерството за дигитална трансформација, интензивно работела на развивање конкретни решенија за модернизација на здравствениот систем. До напролет очекуваат да има првични резултати и јасна насока за идната дигитализација.

Таравари истакна дека свесни за предизвиците во руралните подрачја, планирале воведување стимулативни мерки за привлекување здравствени работници да работат во овие средини.

– Во однос на зајакнување на здравствениот кадар, досега успешно завршивме повеќе преземања од приватни здравствени установи во јавни, а дополнителни апликации се во тек. Во текот на јануари и февруари, ќе промовираме современа опрема за повеќе здравствени установи, вклучувајќи ја Клиниката за урологија, Хируршката клиника „Св. Наум Охридски”, болниците во Прилеп и Велес, како и КТ ангиограф за УК за кардиохирургија, кој е единствен од ваков вид во регионот. Покрај ова, ќе иницираме отворање современ центар за инвитро фертилизација на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, соопшти министерот.

Тој информираше дека на полето на инфраструктурни инвестиции, посветено работеле на модерни хируршки сали во ГОБ ,,8 Септември” и во Клиничка болница Тетово, современ ургентен центар и педијатриски центар во Струмица, финализирање на проектот за болницата „Св. Еразмо” во Охрид со отворање во 2026 година, реконструкции на болниците во Велес, Гостивар, Прилеп, Демир Хисар, како и Центарот за цистична фиброза Козле.

Наш приоритет остануваат КБ Штип и ОБ Кичево, за кои активно работиме на меѓувладин договор со заинтересираните страни. Во однос на легислативни промени, во пролет очекуваме усвојување на новиот закон за лекови, синхронизиран со европските стандарди, а до крајот на 2025 година финализација на законот за медицински средства. Работиме и на ревидирање на Законот за здравствена заштита, со посебен фокус на воведување парамедици во здравствениот систем. Сите овие активности ја рефлектираат нашата визија за здравствен систем кој е достапен, модерен и ориентиран кон потребите на граѓаните, нагласи министерот за здравство, упатувајќи честитки за празниците и посакувајќи им на граѓаните здравје, радост и успех.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кина и Русија се најголемите производители на злато во светот
Следна Статија Мицкоски: Ако некој знае каде се наоѓа Груби, се надевам дека ќе биде повикан во Обвинителството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Куманово со најмногу гласачи 94 041, Лозово со најмалку 1905, ќе се гласа на 3474 избирачки места

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1 832 415 гласачи, од кои 1 717 803…

October 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Живковски: Нашата цел е катастарот да стане пример за ефикасна, дигитална и транспарентна институција

Агенцијата за катастар на недвижности има амбициозна цел – да прерасне во модерна, целосно дигитализирана институција која ќе овозможи брзи,…

April 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се зголемува фреквенцијата на ГП “Блато” кај Дебар

Продолжува постојаниот раст на проток на патници на граничниот премин „Блато" на македонско - албанската граница, кај Дебар. Според албанските…

August 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Калињак: Македонија неоправдано предолго чека пред вратите на ЕУ

Во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на Владата…

June 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?