Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светот ја испраќа старата година, новата 2025 прв ќе ја пречека Кирибати, а последен Бејкеровиот Остров
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Светот ја испраќа старата година, новата 2025 прв ќе ја пречека Кирибати, а последен Бејкеровиот Остров
МАКЕДОНИЈА

Светот ја испраќа старата година, новата 2025 прв ќе ја пречека Кирибати, а последен Бејкеровиот Остров

Објавено December 31, 2024 11:00
Сподели
Сподели

Милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера во домовите ќе ја испратат 2024 и ќе ја пречекаат Новата 2025 година.

Новата година први ќе ја пречекаат жителите на пацифичката островска држава Кирибати (во 11 часот по македонско време), а во 2025-та последен, 26 часа подоцна, ќе влезе американскиот Бејкеров Остров (1 јануари во 13 часот по македонско време).

Музичката програма за испраќање на старата и пречекот на Новата 2025 година во главниот град вечер ќе биде со македонски изведувачи.

Забави за пречек на Новата година ќе бидат организирани во Скопје и во другите градови низ земјава. Музичката програма во главниот град вечер ќе биде со македонски изведувачи.

„Празнична магија 2025“ на плоштадот „Македонија“ организира Град Скопје. Новогодишниот концерт ќе почне во 19.30 часот со настап на Сара Мејс. Од 20.30 часот ќе настапи групата „Љубојна“, а потоа и „Ареа“, од 22 часот, и „Нокаут“ од 23.30.

Под мотото „Скопска новогодишна приказна“, дочек организира и Општина Кисела Вода, на платото пред спортската сала „Расадник“. 

На концертот, кој ќе почне  во 20 часот, ќе настапат „Куку Леле“ „ДНК“, Врчак, Влатко Лозановски. Водител на вечерта ќе биде Игор Џамбазов, кој и ќе настапи со „Гуру Харе бенд“.

Општината организира целодневна програма за сите генерации – од 10.30 часот е настапот на Балетското студио „Лебед“, ќе продолжи со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“, а за најмладите се најавени „Поточиња“, аниматори и Дедо Мраз. 

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека сите скопјани се добредојдени на организираниот пречек на Новата година кој, како што вели,  „ветува незаборавна забава и многу позитивна енергија“.

Покана до сите жители на Скопје прати и градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, најавувајќи „новогодишна атмосфера од 12 часот до утринските часови на плоштадот во општината, со богата ромска музика и песна“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Омерагиќ: Не смееме да носиме одлуки понесени од емоции
Следна Статија Јужнокорејскиот суд издаде налог за апсење на претседателот Јун

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен во посета на Скопје на средби со Сиљановска Давкова и Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во рамки на нејзината четиридневна турнеја низ шесте земји од Западниот Балкан,…

October 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

За Македоницте во Голо Брдо вистината била и е една, ние сме биле, сме и ќе бидеме горди Македонци

Вистината била и е една, независно од потребата на многумина кои сакале да ја избришат. Ние сме биле, сме и…

January 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трајанов: Државата моментално не е загрозена од екстремизам и тероризам

Во земјава се следи состојбата во однос на радикализацијата и поттикнувањето на екстремизам, по разни основи. Присутни се обиди за…

December 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи, со јасни критериуми

Премиерот Христијан Мицкоски денес се обрати на Конгрес на ЕПП каде порача дека процесот на пристапување кон ЕУ мора да…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?