Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува примената на казнените одредби од Законот за нефер трговски практики, глоби до 20.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Почнува примената на казнените одредби од Законот за нефер трговски практики, глоби до 20.000 евра
ЕКОНОМИЈА

Почнува примената на казнените одредби од Законот за нефер трговски практики, глоби до 20.000 евра

Објавено January 1, 2025 12:00
Сподели
Сподели

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) од денеска почнува со спроведување во пракса на казнените одредби од Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, со којшто се очекува да се средат односите меѓу производителите, добавувачите и трговците. 

Прекршочната постапка пред Комисијата се поведува по службена должност или по барање на физичко или правно лице, а глобите шо може да ги изрече КЗК се различни и зависат од видот на прекршокот и големината на прекршителот (микро, мал, среден и голем трговец) и варираат од 50 до 20.000 евра за потешките прекршоци согласно Законот доколку се утврди дека правното лице кое во својство купувач кон неговите добавувачи употребува значителна преговарачка моќ со наметнување нефер трговски практики.

Со Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување се опфатени 2.548 земјоделски и прехранбени производи, а во мониторинг периодот утврдени се 26 нефер трговски практики.

Се очекува Законот да воведе ред во делот на регулирање на односите на сите инволвирани страни во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, а пред се да се ограничат дополнителните трошоци што се наметнувале досега (за складирање, реклама, маркетинг и персонал), и нивно ограничување на рабат на најмногу до 10 проценти.

Оваа разлика директно влијаела на крајната цена на земјоделските и прехранбените производи, а ние се надеваме дека со доследно спроведување на Законот за одреден период ќе имаме стабилизација на цените на прехранбените производи и нивно постепено намалување, велат за МИА од Министерството за економија и труд.

Ова, како што посочуваат, е сосема нов Закон кој за првпат се носи, па оттаму нормално е да има одредени проблеми при неговата примена и при склучување на договорите. 

Постојано сме во комуникација со трговците, производителите и со дистрибутерите, ги слушаме нивните забелешки на терен од кога стапи на сила овој Закон. Имаше одредени забелешки на примената на овој Закон и одредени потешкотии со кои се соочуваат и двете страни, па затоа решивме да оставиме период до крајот на 2024 година да видиме какви ќе бидат резултатите и доколку има потреба ќе поминеме кон техничко подобрување на овој Закон, нагласуваат од Министерството за економија и труд.

Посочуваат дека консултациите со сите инволвирани страни се во тек и, како што велат, на почетокот на 2025 година ќе излезат со конкретен став за примената на овој Закон, односно дали и кои делови ќе претрпат измени.

Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи е донесен на 13 март лани, а стапи на сила на 28 септември, кога беше краен рок трговците да ги усогласуваат договорите за снабдување со добавувачите и производителите каде трошоците за рабат и други маркетинг трошоци се ограничени на 10 отсто.

Правен е по примерот на Хрватска, Словенија, Бугарија и Шведска и е донесен според ЕУ Директивата 2019/633 на Европскиот парламент и Советот од 17 април 2019 година, за нефер трговски практики во односите бизнис-бизнис во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

Со него се уредуваат правилата и мерките за спречување на наметнување нефер трговски практики кои отстапуваат од доброто трговско однесување, се утврдуваат нефер трговските практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи со чие наметнување се искористува значителната преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите добавувачи, постапките за утврдување нефер трговски практики, како и соработката меѓу надлежните органи за спроведување на надзорот над примената на нефер трговските практики.

Со Законот се ограничуваат надоместоците (за складирање, реклама, маркетинг и персонал) и рабат најмногу до 10 отсто, а кои согласно досегашната пракса (информации од производители и добавувачи) изнесувале од 20 до 35 отсто, што индиректно ги зголемувало малопродажните цени на производите. Задолжена за спроведување на одредбите од Законот за нефер трговски практики е Комисијата за заштита на конкуренција, која изминатиов период се екипираше и веќе работиме со нив, прецизираат  од Министерството за економија и труд за МИА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Кадровскиот потенцијал кој треба да го освежи Судскиот совет треба да биде со импозантна цел пред себе, но и институционална меморија зад себе
Следна Статија Во 2025 година пет продолжени викенди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во ПИОМ ќе има дупка уште шест – седум години, додека не почне поробусна исплата на пензиите од Вториот пензиски фонд

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека во ПИОМ ќе има дупка уште шест – седум години, додека не почне поробусна исплата…

December 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

Јовевски: Покачувањето на пензиите кое што го направи оваа Влада е добар чекор кој влијае на стабилизација на стандардот

Лазар Јовевски, надворешен советник за труд и социјална политика на претседателот на Владата на Македонија во своето гостување во поткастот…

May 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од Вашингтон и Њујорк, директно во скопски Петровец Мицкоски промовираше две иневстиции

Нема време за чекање. Од Вашингтон и Њујорк, директно во скопски Петровец, вели премиерот Христијан Мицкокси, кој денеска ќе изврши…

January 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бројот на производи во „Новогодишната кошница“ достигна 1036, расте интересот на компаниите да се приклучат во акцијата – граѓаните да пријават забелешки!

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши заедно со заменик министерот Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?