Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче
ХРОНИКА

Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Објавено January 3, 2025 15:00
Сподели
Сподели

На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар. Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници, Итната медицинска помош и јавен обвинител. Околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадиле возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од с.Грчец, скопско. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција, соопшти МВР.

Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, а се трага по А.А.(56) од с.Грчец,скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето, стои во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет
Следна Статија Мицкоски: Следуваат структурни реформи и илјада нови вработувања во здравството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсени 12 лица за трговија со оружје и дрога

По повеќемесечна предистражна постапка, рано утрово под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и…

December 10, 2025
ХРОНИКА

Расте бројот на жртви од насилство – Во првото тримесечје од годинава, има 391 новоевидентирани случаи

Во првото тримесечје од 2025 година – јануари до март, бројот на ново евидентирани жртви во земјава е 391. Од…

June 27, 2025
ХРОНИКА

Полицијата одзеде „Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“

Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во…

August 4, 2025
ХРОНИКА

Тинејџер загина во тешка сообраќајка во Чаир

Осумнаесетгодишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на улицата „Адем Демачи“ во Скопје, соопшти Министерството за…

March 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?