Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски на свеченото пуштања на експресниот пат Страцин – Крива Паланка: Овој инфраструктурен проект претставува и е симбол на нашата визија за модерна и поврзана Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски на свеченото пуштања на експресниот пат Страцин – Крива Паланка: Овој инфраструктурен проект претставува и е симбол на нашата визија за модерна и поврзана Македонија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на свеченото пуштања на експресниот пат Страцин – Крива Паланка: Овој инфраструктурен проект претставува и е симбол на нашата визија за модерна и поврзана Македонија

Објавено January 4, 2025 14:20
Сподели
Сподели

Овој инфраструктурен проект претставува и е симбол на нашата визија за модерна и поврзана Македонија, истакна во денешното свое обраќање на свеченото пуштање во употреба на експресниот пат Крива Паланка – Длабочица – Страцин, претседателот на владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Со особена чест и задоволство денеска сме тука за да ја одбележиме оваа значајна пресвртница, свечено отварање на експресниот пат Крива Паланка – Длабочица – Страцин. Овој инфраструктурен проект, долг 25,5 километри претставува не само несомнен градежен успех туку и симбол на нашата визија за модерна и поврзана Македонија, рече во своето обраќање премиерот Мицкоски.

Ова е резултат на макотрпна работа и силна посветеност, посочи Мицкоски.

-Проектот што денеска го пуштаме во употреба е резултат на макотрпна работа, на силна посветеност и на силна соработка со нашите партнери од Светската банка, кои дадоа огромна поддршка за негова реализација, посочи премиерот.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека овој пат не е ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, туку на граѓаните.

– Имаше и такви кои денес направија политичка промоција и наместо да им се извинат на граѓаните дека не успеале во изминатите шест години да направат нешто, денес истрчаат да соберат политички поени. Сакам да порачам дека ова е пат на граѓаните, ова не е пат ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ. Кредитот ќе биде враќан од парите на граѓаните и затоа никој не смее да го присвојува, рече Мицкоски.

Со пуштањето на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива Паланка до Куманово наместо еден час ќе се патува за 40 минути.

Патот, којшто официјално е пуштен денеска, е во должина од 25,5 километри и е дел од Коридорот 8. Вкупната инвестиција е 93,7 милиони евра од кои 80,20 милиони евра се средства од Светска Банка, а останатите се грант средства во висина од 13,50 милиони евра.

На експресниот пат има изградено три клучки, три моста, 13 вијадукти и 44 косини. Изградбата е почната во мај 2018 година, а интензивно се работеше во последните шест месеци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин
Следна Статија Нефер трговските практики ќе се казнуваат со до 20.000 евра, Ристески најави строг мониторинг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДСЗИ најавува вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и Козле откако почина бебе

Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавува дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и во ЈЗУ УК за…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ристовски за МКД.мк: Инвестираме во модерна спортска инфраструктура за сите генерации

Македонија ја зацврстува својата позиција на спортските светски мапи, а за подобри резултати на спортистите министерот за спорт Борко Ристовски…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ве гледаме! – Герила Акција пред судницата на КПУ Идризово

Движењето „Кој е Следен?“ на 19 ноември 2025 година, пред судницата на „КПУ Идризово“ изведе герила акција пред започнувањето на…

November 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Две третини од граѓаните не веруваат во фер судење

Дури 62,6 отсто од граѓаните во земјава сметаат дека не можат да добијат фер судење, покажува најновата анкета на Детектор.…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?