Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Комеморација на Цетиње: Загубата на 12 животи остави празнина во срцата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Комеморација на Цетиње: Загубата на 12 животи остави празнина во срцата
БАЛКАН

Комеморација на Цетиње: Загубата на 12 животи остави празнина во срцата

Објавено January 4, 2025 16:20
Сподели
Сподели

По повод масакрот што се случи на 1 јануари во Цетиње, кога беа убиени 12 лица, денеска во Владиниот дом во овој црногорски град се одржа комеморативна седница во чест на жртвите.

Комеморацијата започна со минута молчење за жртвите, по што беше нагласено дека ова е еден од најголемите предизвици кои ги погодиле Цетиње и Црна Гора.

Градоначалникот на Цетиње, Никола Ѓурашковиќ, истакна дека со тагата која ги обедини сите, се собрале пред еден од најтешките предизвици што ја погодил заедницата.

Уште една незапаметена трагедија ги погоди Цетиње и Црна Гора. Загубата на 12 животи не остави во шок и неверување. Особено боли загубата на двајца ангели, симболи на невиноста. Оставија празнина во нашите срца. Единствено што можеме е да изразиме искрено сочувство на семејствата и да им помогнеме во нивната болка, изјави Ѓурашковиќ.

Тој додаде дека ова не е само загуба за семејствата, туку и за целото општество.

Сите треба да се запрашаме – зошто вакво нешто повторно се случи и зошто како општество го дозволивме тоа. Државата мора системски да реагира. Тоа им го должиме на жртвите и нивните семејства. Одговорноста мораме и сакаме јасно да ја бараме, подвлече Ѓурашковиќ.

На комеморацијата присуствуваа претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, министерот за надворешни работи на Црна Гора Ервин Ибрахимовиќ, бројни министри од Владата на Црна Гора, претставници на локалната власт, како и членови на семејствата на трагично загинатите.

Во пукањето што се случи на 1 јануари во Цетиње, беа убиени 12 лица, а шестмина беа повредени. Напаѓачот, Ацо Мартинојевиќ (45), по крвавиот напад изврши самоубиство.

Поради трагедијата на Цетиње, во Црна Гора беше прогласена тридневна жалост на 2, 3 и 4 јануари.

По повод масакрот што се случи на 1 јануари во Цетиње, кога беа убиени 12 лица, денеска во Владиниот дом во овој црногорски град се одржа комеморативна седница во чест на жртвите.

Комеморацијата започна со минута молчење за жртвите, по што беше нагласено дека ова е еден од најголемите предизвици кои ги погодиле Цетиње и Црна Гора.

Градоначалникот на Цетиње, Никола Ѓурашковиќ, истакна дека со тагата која ги обедини сите, се собрале пред еден од најтешките предизвици што ја погодил заедницата.

Уште една незапаметена трагедија ги погоди Цетиње и Црна Гора. Загубата на 12 животи не остави во шок и неверување. Особено боли загубата на двајца ангели, симболи на невиноста. Оставија празнина во нашите срца. Единствено што можеме е да изразиме искрено сочувство на семејствата и да им помогнеме во нивната болка – изјави Ѓурашковиќ.

Тој додаде дека ова не е само загуба за семејствата, туку и за целото општество.

Сите треба да се запрашаме – зошто вакво нешто повторно се случи и зошто како општество го дозволивме тоа. Државата мора системски да реагира. Тоа им го должиме на жртвите и нивните семејства. Одговорноста мораме и сакаме јасно да ја бараме – подвлече Ѓурашковиќ.

На комеморацијата присуствуваа претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, министерот за надворешни работи на Црна Гора Ервин Ибрахимовиќ, бројни министри од Владата на Црна Гора, претставници на локалната власт, како и членови на семејствата на трагично загинатите.

Во пукањето што се случи на 1 јануари во Цетиње, беа убиени 12 лица, а шестмина беа повредени. Напаѓачот, Ацо Мартинојевиќ (45), по крвавиот напад изврши самоубиство.

Поради трагедијата на Цетиње, во Црна Гора беше прогласена тридневна жалост на 2, 3 и 4 јануари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бајден доделува највисоки признанија, Лионел Меси и Дензел Вашингтон меѓу добитниците
Следна Статија Божикните празнувања во Бигорски почнуваат од утре

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Земјотреси од 5,1 степен во близина на Санторини – за 19 дена над 19.200 потреси

Земјотрес со јачина од 5,1 степен беше регистриран кусо пред 10 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини…

February 17, 2025
БАЛКАН

11 лица се уапсени поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад денеска соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата…

November 21, 2024
БАЛКАН

Во Америка е фатен Босанец обвинет за воени злосторства во 1992 година

Босанецот Хамдија Алукиќ се наоѓа во притвор без можност за кауција во затворот во округот Болдвин во Алабама, Америка, откако…

March 21, 2026
БАЛКАН

ДНК анализата потврди: Телото најдено во буре е на српскиот мафијаш Баја

Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до Вишото јавно обвинителство во Белград денеска доставило извештај за идентификација на останките што…

May 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?