Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дрин Ахмети во Америка, неговата фирма Тхор како и Соравија со блокирани сметки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дрин Ахмети во Америка, неговата фирма Тхор како и Соравија со блокирани сметки
МАКЕДОНИЈА

Дрин Ахмети во Америка, неговата фирма Тхор како и Соравија со блокирани сметки

Објавено January 9, 2025 14:20
Сподели
Сподели

На крајот на 2023-та беше во скопска полициска станица поради многу пиротехника ставена во гепек, но на крајот на 2024-та Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети се лоцира сам со фотографија на социјалната мрежа Инстаграм дека е во Њујорк. Според информациите на Телма, 24-ти декември до 3-ти јануари, младиот Ахмети споделувал слики дека е во Њујорк заедно со блиски лица, меѓу кои и неговиот брат Бесиан Ахмети.

Се фотографирал пред ресторан во група во Бруклин и пред културен центар во Менхетн. Во годишна објава на инстаграм, во која Дрин Ахмети вели „восхитувачка година помина, можеби следува уште подобра“ се ставени и фотографии со неговиот татко кој го посетил во Америка.

Има и американска фотографија со Ник Назар Мехмеди, американец со корени од Ресен кој во Далас има стриптиз барови и за две години изврши две уплати од околу 7 и пол милиони евра на сметката на фирмата Тхор преку која Дрин Ахмети го спроведуваше купувањето на деловно-трговскиот центар Соравија.

Според информации на Телма, Дрин Ахмети од Македонија заминал на крајот на јули, но од МВР и од обвинителството не одговорија на прашањето кога е излезен и дали бил повикан на распит во рамки на предистрагата за случајот Соравиа.

Обвинителството веќе има прибрано документација која се вештачи во МВР, но се уште чека меѓународна правна помош од САД бидејќи милиони долари и евра се уплатени од Америка на скопската сметка на фирмата Тхор.

Од друга страна, податоците на бизнис мрежа покажуваат дека на Тхор чиј сопственик е Дрин Ахмети, е блокирана банкарската сметка. Блокирана банкарска сметка има и Соравиа инвест, фирма која го поседува деловниот центар во Скопје.


Лани на почетокот на декември, сопственоста врз фирмата и деловниот центар е префрлена од една во друга австриска фирма, но според јавно достапните податоци и на двете фирми сопственик е Хано Соравиа од Австрија.

извор: Телма

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Национал-шовинизам на дело: Лидерот на партијата „Преродба“ бара присоединување на Македонија кон Бугарија
Следна Статија Спиење во хотелот пред кој Мијалков паркира Ферари чини 35 просечни или 70 минимални македонски плати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа

Глобалната кибербезбедност е под зголемена закана. Бројот на слабости на виртуелните облаци низ светот, односно потенцијалните слаби точки во системите…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Националниот портал – uslugi.gov.mk има 240.000 корисници

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, заедно со својот домаќин, градоначалникот Тони Коњаноски, во рамки на караванот за промоција и…

November 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ден на народното востание – 11 Октомври

Со свечена академија, положување цвеќе и доделување награди денеска ќе биде одбележан Денот на народното востание – 11 Октомври. Претседателката…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва изрази сочувство до семејствата чии членови загинаа во денешната несреќа во Нови Сад. – Нашите…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?