Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување
МАКЕДОНИЈА

Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување

Објавено January 10, 2025 14:15
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од тетовски Групчин порача дека голем број лични документи се сменети со новото уставно име, но побара од полицајците само да ги опоменуваат оние кои тоа не го направиле досега. Според Тошковски, не треба штета да трпат граѓаните поради погрешните политики на претходната власт.

Огромен број од возачките дозволи се веќе заменети, јас еднаш упатив јавен апел до сите полициски службеници дека не треба македонските граѓани да бидат кабает заради тоа што имало во минатото политичари коишто не си ја сакале државата. И упатувам апел да ги применат законските одредби коишто се однесуваат на опомена и на укажување на сите оние коишто да речеме во овој адаптибилен период сè уште ќе бидат затекнати со возачка дозвола која има важност во делот на рокот но не е согласно одредбите од законот. Полициските службеници да имаат на предвид при постапувањето одредбите коишто се законски дефинирани во делот на опоменување и укажување се со цел да не се префрли оној немукает и нељубов кон својата држава од аспект на сето она што би требало да значи да кабаетот го платат граѓаните, рече Тошковски од полицискиот одделение во Групчин, каде се отвори нова канцеларија за управните служби.

Тој рече старите лични карти нема потреба да се менуваат доколку има рок на важење. Со тие може да се премине и државната граница.

Врз основа на важечка лична карта апсолутно дека може да се излезе од територија на Македонија во рамки на оние држави со кои имаме склучено билатерални договори за да можат да излезат и да влезат со важечка лична карта. Предметна лична карта којашто е важечка моментално може да стане неупотреблива само доколку тоа го констатира државата согласно закон или други акт. Таков акт во Македонија нема моментално. Сите лични карти кои се важечки во рамки на рокот кој е издаден ќе можат да бидат употребувани со сите држави со кои имаме договор, рече Тошковски.

Министерот оцени дека огромен број од пасошите се издадени согласно новото уставно име, дека нема метеж, а постапките се одвиваат без поголеми проблеми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Се изготвува ново предлог законско решение за „Безбеден град“
Следна Статија Поднесено обвинение за 16 лица во предметот „Премин“: Цариници на Дојран и Ново Село примале поткуп, еве колку пари се пронајдени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети, Мицкоски најавува екипирање на одборите за акредитација и евалуација

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека не е задоволен од состојбата во која се наоѓа образованието,…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Светскиот шампион од Гостивар се сретна со претседателката

Претседателката Гордана Силјановска го прими повеќекратниот светски шампион Анди Исмаили. Прекрасна средба со извонредниот, вонсериски талентираниот млад танчер Анди Исмаили,…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски на ифтарска вечера

Премиерот Мицкоски вечеева присустуваше на ифтарска вечера.Тој истакна дека овие собири се потсетник дека вистинските вредности лежат во солидарноста и…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од денеска мора да имаме зимска опрема во возилата

Од денес започнува обврската за зимска опрема во нашите возила. Па за да бидеме 100% сигурни, еве што значи тоа.…

November 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?