Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: КОЈ ПОДГОТВУВА ТЕРЕН ЗА БЕГСТВО НА КРМЗОВ? Доказите за криминалот се обезбедени, ама некој не сака да се меша во својата работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > КОЈ ПОДГОТВУВА ТЕРЕН ЗА БЕГСТВО НА КРМЗОВ? Доказите за криминалот се обезбедени, ама некој не сака да се меша во својата работа
МАКЕДОНИЈА

КОЈ ПОДГОТВУВА ТЕРЕН ЗА БЕГСТВО НА КРМЗОВ? Доказите за криминалот се обезбедени, ама некој не сака да се меша во својата работа

Објавено January 10, 2025 19:50
Сподели
Сподели

Најмалку 65 милиони евра штета врз буџетот на Македонија утврдиле инспекторите на Управата за јавни приходи и на Царинската управа во империјата на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој важи за близок до семејството Заеви, објавува Плусинфо

Штетите се утврдени записнички, при контроли на десеттина фирми поврзани со Крмзов. За жал, во овој момент, претставниците на финансиските власти безуспешно бараат начин доказниот материјал да го предадат на обвинителството кое е одговорно за предистрагата за овој случај. Плусинфо дознава дека Обвинителството инсистирало записниците да ги добие преку МВР и при тоа смислувало еден куп бирократски изговори за одолговлекување на предистрагата.

– Записнички неспорно се констатирани финансиски малверзации и штети врз Буџетот од поврат на ДДВ преку фиктивни фирми и други штети. Кога осомничениот Крмзов ќе ги види записниците, а тоа е неминовно, бидејќи станува збор за процедура, тој ќе добие можност да прикрива докази, да влијае врз сведоци, а не би било изненадување да посака и да ја напушти Македонија. Се добива впечаток како Обвинителството намерно да му купува време токму за да испланира и да спроведе бегство – вели добро упатен извор за Плусинфо.

Доказите за финансиските малверзации, според нашите сознанија, се неспорни. Во поголем број случаи се спроведувани преку менување на основачи и управители на фирмите на Крмзов, кои потоа се препродавани на фиктивни купувачи на удели од Косово.

Така, на пример, извесен Б.Г. од Косово, наводно купил фирма од Крмзов, преку која се вршени малверзации. Името на старата струмичка фирма е променето во ново. Но, од косовската даночна администрација се добиени податоци дека не се евидентирани ни таква фирма ни такво лице. Очигледно е дека станува збор за фиктивна фирма.

Дека станува збор за сериозен и организиран криминал сведочи и фактот дека лицата како спомнатиот Б.Г. од Косово, не само што не се евидентирани во даночната администрација, туку нема запис дека ја поминале македонско-косовската граница со валидни патни исправи. Лажните купопродажби се евидентирани во нашиот Централен регистар, со фиктивно заверени нотарски документи.

Треба да се утврди како овие наводни купопродажби биле заверени во Централниот регистар и кои нотари правеле фиктивни заверки. Веројатно станува збор за добро организирана криминална група, во која се инволворани луѓе од разни институции. Такви шеми сме имале и порано. И во времето на директорувањето на Сања Лукаревска со УЈП се расплеткуваше една таква мрежа за кражба на буџетски пари со поврат на ДДВ со финансиски малверзации. Веројатно ќе биде потребно МВР да ги отвори и истражните досиеја од тој период, за да се види што е пропуштено. Но, сега е најважно органите на кривичниот прогон да не губат време, бидејќи навистина сме на трагата на епски криминал, за кој веќе се обезбедени сигурни докази за повеќе вакви фирми и шеми, а ќе има и уште – вели нашиот извор.

Како што е познато, струмичкиот бизнимен Ристо Крмзов и уште три лица беа задржани во полициска станица по големата акција на МВР, УЈП, Царината и на Обвинителството за гонење на организан криминал и корупција, што се одвиваше на повеќе локации во Струмица, Скопје и во Гостивар, во септември минатата година. Тогаш министерот за внатрешни Панче Тошковски се пофали со богат плен од претресите (дијаманти, пари во кеш и разновидна документација) и додаде:

– Првичните информации се дека станува збор за милионски суми коишто се последица на неколку кривични дела, даночно затајување, даночна измама и перење пари.

Во меѓувреме, предистрагата за империјата на Крмзов како да падна во заборав. Сепак, како што дознава Плусинфо, инспекциите на финансиските власти спровеле темелни контроли и истражни дејствија, со кои непобитно ги утврдиле фактите, кои сега се констатирани и во записниците од контролите.

Она што не е јасно е зошто сега се прават севозможни пречки тој богат доказен материјал да се најде на масата на Обвинителството и да почне истрагата.

И секако, се наметнува прашањето – што ако, по примерот на Артан Груби, утре од Македонија исчезне и струмичкиот бизнисмен Крмзов? Кој ќе биде одговорен за тоа?

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Нека му ја мислат оние што дивеат“: Се работи на законското решение за „Безбеден град“
Следна Статија Пазете, започнуваат некрстени денови- Трудниците треба да бидат посебно внимателни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дел од семејствата на настраданите од „Пулс“ на средба во Обвинителството

Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска пред Јавното обвинителство во Скопје повикаа на одговорност и…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски во Брисел на средба на лидерите на Западен Балкан со новиот претседател на Европскиот совет

Премиерот Христијан Мицкоски вечер во Брисел ќе присуствува на неформална работна вечера што за лидерите од земјите од регионот на…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Граѓаните остануваат посветени на европскиот пат, но ова е неодржлива состојба која не говори само за нас, туку и за кредибилитетот на ЕУ

Граѓаните се уште го поддржуваат зачленувањето на Македонија во Европската Унија, тие остануваат посветени. Ние сакаме да го комплетираме патот…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сè додека сум премиер проблемите ќе се решаваат

Се трудиме во овие пет месеци да го консолидираме сето она кое што повеќе од три децении е уништувано, а…

November 11, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?