Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Добивале бугарски пасош регистрирани на непостоечки адреси, празни ниви, бандери…
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Добивале бугарски пасош регистрирани на непостоечки адреси, празни ниви, бандери…
МАКЕДОНИЈА

Добивале бугарски пасош регистрирани на непостоечки адреси, празни ниви, бандери…

Објавено January 12, 2025 10:20
Сподели
Сподели

Поранешnн градоначалник на село Рилци, Благоевградско – Живко Чукарски, ја призна вината и склучи спогодба со Окружното обвинителство во Благоевград за сторено документирано кривично дело поврзано со незаконско регистрирање на државјани од Македонија.

Истрагата утврди дека Чукарски изготвил и потпишал 246 потврди за постојана адреса на живеење за македонски државјани, без тие всушност да бидат присутни во селото или да ги достават потребните документи за регистрација на адресата.

Во периодот 2016-2019 година, во селото Рилци биле регистрирани над 4.000 македонски државјани. Според истрагата, дел од регистрациите на адреси се вршени на непостоечки адреси, па дури и на празни полиња без достапни згради.

Иако голем дел од фиктивно пријавените македонски државјани веќе се одјавени од селото Рилци, проблемот со лажните адреси во регионот продолжува.

Во соседното село Бело Поле се уште има повеќе од 10.000 македонски граѓани, кои мештаните никогаш не ги виделе.

„Македонците биле ‘привилегирани’ при добивање на бугарски пасоши”, пренесуваат бугарските медиуми повикувајќи се на изјава на сведок во истрагата која е актуелна во Бугарија, а во врска со скандалот со издавањето на државјанства. Ваквата информација беше објавена на Бугарската национална телевизија, а од БТВ се повикуваат на сведок кој одблиску е запознаен со скандалот.

Според сведокот, биле ангажирани преку 100 „медијатори” кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред институциите.

Македонците плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра по пасош.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Отец Велински им даде благослов и им посака среќа и успех на нашите ракометари на СП (ФОТО)
Следна Статија Милановиќ или Приморац: Хрватска гласа на вториот круг од претседателските избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Безбедносната состојба е стабилна и под контрола

Безбедносната состојба е стабилна и под контрола, изјави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова по состанокот на Советот за безбедност во…

August 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Каја Калас немала план „Б“ за Македонија оти сѐ уште верувала во планот „А“

Високата претставничка за надворешна политика „Каја Калас“ денеска од Скопје рече дека нема план „Б“ за Македонија како што има…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Големи гужви и долги колони на „Богородица“, граѓаните чекаат во ред за да избегаат во Грција за велигденските празници

На граничниот премин „Богородица“, денеска попладне се создаде значителна гужва, откако голем број македонски граѓани тргнаа на пат кон соседна…

April 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нов марш во Кочани: „Џабе стоиме, они се во апартманите во Грција“

Попладнево низ улиците на Кочани, родителите на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“, организираа нов протестен марш, со кој уште…

July 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?