Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници
ХРОНИКА

Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници

Објавено January 12, 2025 19:20
Сподели
Сподели

Сѐ уште трае постапката за испитување на причините за пожарот во Крива Паланка во кој животот го загубија двајца сопружници на возраст од 87 и 85 години.

Од Јавното обвинителство на Република Македонија информираат дека ОЈО Куманово е известено и дава наредби и насоки за испитување на причините за пожарот.

-Испратено е и вешто лице на лице место со цел да ја провери состојбата на електричните инсталации во куќата. Се разговара со лица и наредена е обдукција на телата на починатите. До овој момент нема индиции за намерно предизвикување, информираат од ЈОРМ.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, денеска во девет часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека во куќа на ул.„Херој Карпош“ во Крива Паланка, сопственост на 87- годишниот К.Ф. и 85 – годишната настанал пожар.

Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а К.Ф. и П.Ф. се пронајдени починати.

Од ТППЕ Крива Паланка информираат дека дојавата за пожарот ја примиле околу девет часот, од страна на внук на лицата кој живеел во соседната куќа.

-На пожарот интервениравме со две возила и девет пожарникари, бидејќи се работеше за интервенција во тешки услови, со густ чад и пожар во распламтена фаза. Известени беа екипи на МВР и Итна медицинска помош, а лекарите само констатираа смрт. Комплетно опожарен е еден спрат од куќа, дневна и кујна, а најверојатно пожарот настанал неколку часа пред да биде пријавен, можно е да настанал и во текот на ноќта, информираат од ТППЕ, Крива Паланка.

Оттаму посочуваат дека од почетокот на годината за 12 дена имале осум интервенции, од кои една техничка интервенција, една за опожарено патничко моторно возило, како и повеќе објекти на отворено.

Упатија апел за навремено одржување и чистење на оџаците и внимателно користење на грејни тела во текот на грејната сезона.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Повеќе полиција отколку македонски Бугари: Само десетина луѓе се собраа во чест на Мара Бунева
Следна Статија Винсент Касел (57) стана татко по четврти пат, доби син со 28-годишна манекенка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Лихварите пресметувале камата од 5 до 15 посто за месечно задоцнување, заработиле 2 милиони евра

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, додека по едно…

October 24, 2025
ХРОНИКА

Најдени човечки коски закопани во близина на Македонски Брод

Вчера, во 11.17 часот во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 16.00 часот на 24.03.2025 до 10.00 часот…

March 26, 2025
ХРОНИКА

Жени се тепале во затвор, една е тешко повредена

На 24.02.2025 во 14:54 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 23.02.2025 околу 21:20…

February 25, 2025
ХРОНИКА

Бектеши доби нови 30 дена притвор: Постоела опасност од бегство и влијание на сведоци

Продолжен е притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, потврди за Република неговиот адвокат Еленко Миланов. Тој објасни дека му е одреден…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?