Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Илиевски: Се надеваме дека ако не во кривична, тогаш во граѓанска постапка ќе се надомести нематеријалната штета што ја претрпела Јанкулоска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Илиевски: Се надеваме дека ако не во кривична, тогаш во граѓанска постапка ќе се надомести нематеријалната штета што ја претрпела Јанкулоска
ХРОНИКА

Илиевски: Се надеваме дека ако не во кривична, тогаш во граѓанска постапка ќе се надомести нематеријалната штета што ја претрпела Јанкулоска

Објавено January 13, 2025 15:40
Сподели
Сподели

Одбраната на екс министерската за внатрешни работи Гордана Јанкуловска задоволна од ослободителната пресуда за случајот со уништувањето на опремата за прислушување во УБК. Јанкулоска, според адвокатот Влатко Илиевски, кој е сопруг и нејзин бранител, вели дека таа е една од најголемите жртви на прислушкувањето и се надева дека ако „не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето и да се надомести нематеријалната штета која што Гордана Јанкулоска ја има претрпено“. 

Илиевски, во изјава за медиумите пред Кривичниот суд во Скопје, посочи дека од она што го слушнале при објавување на пресудата може да се заклучи дека Судот ги прифатил наводите на одбраната дека кај Гордана Јанкуловска воопшто не постоело ниту умисла, ниту намера да се уништи конкретната опрема, а уште помалку да се причини каква било штета на државата и на Министерството. 

Задоволни сме од пресудата, чекаме Апелација да ја потврди истата и понатаму се надеваме дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето и да се надомести нематеријалната штета која што Гордана Јанкулоска ја има претрпено како една од најголемите жртви на прислушкувањето, изјави Илиевски.

Јанкулоска, посочи Илиевски, немала добиено документација дека се уништува опремата за прислушкување, бидејќи кога е пратен извештајот дека опремата е уништена фактички веќе и не е министер. Таа, според Илиевски, формирала комисија која што имала општ назив.

Значи комисија која што требало да направи попис, процена и доколку е потребно да се уништи некоја опрема која што е технички нефункционална и неисправна да ја уништи. Меѓутоа, апсолутно не било наведено каква опрема ќе се попишува, а уште помалку дека треба нешто да се уништи. И се однесувало значи за опрема која што била во рамките на целата Управа за безбедност и контраразузнавање, изјави Илиевски.

Адвокатот Љупчо Шврговски, рече дека се задоволно од пресудата во однос на Гордана Јанкулоска, нагласувајќи дека сметаат оти ослободителната пресуда е правилната одлука. 

Од таа пресуда сме задоволни. Во однос на пресудата за Тони Јакимовски, од она што беше истакнато од страна на Судот, читајќи го диспозитивот на обвинението тоа претставува фактички изворник на самата пресуда, не сме задоволни и во тој дел сигурно дека ќе поднесме жалба, изјави Шврговски.

Кривичниот суд денеска ја објави пресудата за „Тврдина“, делот од предмет за масовното прислушување на СЈО „Таргет-Тврдина“ што не застареа со измените на Кривичниот законик. За злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа, поврзано со уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК, Судот денеска ги прогласи за виновни обвинетите Тони Јакимовски и Валентина Симоновска, кои беа присутни во судница, како и Горан Грујевски и Никола Бошкоски, екс разузнавачи кои избегаа во Грција, на кои им се судеше во отсуство.

За делата злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа обвинетиот Тони Јакимовски беше осуден на една единствена казна затвор од три години, во која се засметува и притворот, обвинетиот Горан Грујевски на една единствена казна затвор од 14 години и шест месеци и обвинетиот Никола Бошкоски на една единствена казна затвор од девет години и десет месеци. Обвинетата Валентинa Симоновска, доби условна осуда со казна затвор од две години, доколку во период од пет години не стори друго кривично дело.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ со триумф го започна АО – Со пресврт го победи анонимусот Басавареди
Следна Статија Каде исчезна Гинисовиот лустер од хотелoт „Југославија“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

На граничен премин Блаце спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле

Царински службеници на граничниот премин Блаце, на влез во државата, спречија обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за…

March 12, 2026
ХРОНИКА

Кој е Артан Груби: Oд тепач на Кале до играње фудбалче во кабинет

Aртан Груби по повеќе од една година ја заврши што ја имаше на Косово. Да таков статус објави на Фејсбук…

February 23, 2026
ХРОНИКА

Обвинителството ја запре постапката против починатиот управител на „Пулс“

Основното јавно обвинителство Кочани ја запира постапката против Александар Карадакоски, кој денеска почина по повредите добиени во пожарот во дискотеката…

April 4, 2025
ХРОНИКА

ФОТО: Ова е скопјанецот уапсен со 3,06 промили алкохол

СВР Скопје – Полициска станица Карпош поднесе кривична пријава против А.П.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено…

September 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?