Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На Клиниката за ортопедски болести првпат е трансплантирана коска од починат дарител на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > На Клиниката за ортопедски болести првпат е трансплантирана коска од починат дарител на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија
ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за ортопедски болести првпат е трансплантирана коска од починат дарител на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија

Објавено January 13, 2025 18:26
Сподели
Сподели

На Универзитетската клиника за ортопедски болести во Скопје успешна е извршена трансплантација, со имплант, односно коска од починат донор, која е имплантирана на два прста кај 13 годишно дете со брахидактилија, соопшти Министерството за здравство.

Како што велат од Министерството, кај нас првпат е извршена ваков тип на трансплантација и детето е со уреден постоперативен тек .

Изразувам посебна благодарност и честитки за целиот тим предводен од д-р Даница Поповска и доц.д-р Илир Шабани, како и сите здравствени работници кои учествуваа во оваа трансплантација – д-р Лилјана Ангелеска, д-р Теодора Божиновска, д-р Филип Видоевски, инструментарки Сузана Пејчиновска, Арјета Мемети, анестетичар Менка Дојчиновска, радиолошки технолог Крешник Шеху и гипсер Ирена Галевска. Ќе продолжиме со уште посилно темпо заедно со сите чинители да ја подигнуваме свесноста за овој највисок акт на човекољубие – истакна проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Пред три години, на Клиниката за ортопедски болести во Скопје, првпат беше изведена трансплантација на лигамент од починат дарител. Тогаш 34-годишен пациент со сериозна повреда на десното колено, доби мекоткивен графт експлантиран од починат дарител.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба делницата Градско-Дреново
Следна Статија Колку заработуваат претседателите во регионот: Првиот човек на Албанија со највисока плата, македонската претседателка со најниска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клековски: Годишно меѓу 120 и 150 пациентки болни од рак на дојка ќе може да се оперираат на товар на Фондот на Клиниката за пластична хирургија

Предвиден е заеднички буџет за Клиниката за торакална хирургија и Клиниката за пластична хирургија и годишно од 12 до 150…

March 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Од 2016 година во Македонија не функционира Центарот за изгореници

Од 2016 година во државава не функционира Центарот за изгореници. Иако тој се уште фигурира на официјалната веб страница на…

March 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, има значителен пораст на бројот на интервенции

Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, во три главни јавни здравствени установи има значителен пораст на бројот на интервенциите, а…

June 4, 2026
ЗДРАВЈЕ

Им пресадуваат заб во окото на слепите пациенти за да им го вратат видот

За прв пат во Канада, хирурзите успешно ја изведоа првата фаза од процедурата која вклучува вградување заби во очите на…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?