Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новогодишната кошница беше успешна, оцени Министерството за економија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Новогодишната кошница беше успешна, оцени Министерството за економија
ЕКОНОМИЈА

Новогодишната кошница беше успешна, оцени Министерството за економија

Објавено January 15, 2025 13:40
Сподели
Сподели

Денеска завршува акцијата „Новогодишна кошница“ која што беше креирана на предлог на бизнисот со поддршка на Министерството за економија и труд и траеше од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година.

Главната цел на Новогодишната кошница која што беше креирана од бизнисот односно производителите, дистрибутерите и трговците, беше да се креира поширока листа на одделни прехранбени производи кои што се ставија со намалени цени на рафтовите, појаснуваат од министерството.

Со истата, како што велат, се спречи зголемување на цените пред и за новогодишните и божиќните празници и се одржа стабилно ниво на инфлацијата во месец декември 2024 и месец јануари 2025 година, за време на новогодишните и божиќните празници кога има зголемена потрошувачка.

На листата на производи, како што е објавено и на веб-страната Моја кошница која што Министерството за економија и труд ја креираше токму за оваа акција се вклучија 1178 производи од 96 производители и дистрибутери се вклучија 51 маркети, а акцијата се применуваше во 762 продажно место.

„Ако ги согледаме овие бројки сметам дека акцијата Новогодишна кошница беше успешна и придонесе за намалување на цените на производите кои што беа вклучени во нејзе.

Според Државниот завод за статистика од податоците за Индекси на трошоците на животот и на цените на мало за декември се забележува дека инфлацијата во 2024 година споредено со 2023 година изнесува 3,5% како што беше и проектирано. На месечно ниво пак во декември 2024, споредено ноември 2024 година инфлацијата изнесува 0,3%.

Податоците на статистика покажуваат дека во декември 2024 година во однос на ноември 2024 година намалувањето на трошоците за живот кај храна и безалкохолни пијалоци изнесува -0,3%.

Ова покажува дека Новогодишната кошница каде што беа вклучени во најголем дел прехранбени и безалкохолни пијалоци го дала својот ефект и цените на храната и пијалоците во декември 2024 година бележат намалување во однос на ноември 2024 година.

Се очекува и во статистичките податоци за месец јануари 2025 година во однос на декември 2024 година, да се потврдат ефектите од новогодишната кошница, односно да се оствари дополнително намалување на трошоците за живот кај храна и безалкохолни пијалоци“.

Од министерството изразуваат Б=благодарност до сите производители, дистрибутери и трговци кои што се приклучиле и учествувале во оваа акција и ги намалиле цените на прехранбените производи и на дел од пијалоците за време на новогодишните и божиќните празници.

истакнуваат дека Министерството за економија и труд во наредниот период ќе продолжи да креира мерки и политики кои ќе значат заштита на стандардот на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагичен крај на потрагата – Лидија пронајдена мртва
Следна Статија Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: До крајот на месецов целосно ќе биде трансфериран заемот од Унгарија

Сите формалности за заемот од Унгарија се завршени од наша и од нивна страна, а кај нас поминаа и на…

October 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

„Фајненшл тајмс“: Западните банки веќе ја разгледуваат можноста за укинување на санкциите против Русија

Победата на кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп, на претседателските избори во Америка предизвика дискусии во западните банки за можното…

November 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Интензивно се работи на проектот за експресниот пат за спојување на Коридорот 10 со коридорот Струма во Бугарија

По повод „Денот на Заштитниците на Струмица” министерот за транспорт, Александар Николоски денеска е во посета на Општинa Струмица. Вицепремиерот…

December 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Еден среќен добитник го освои џекпотот од 1,8 милијарди долари на Божиќ

Еден единствен среќен лотариски билет беше продаден во Арканзас, освојувајќи го вториот најголем џекпот во историјата на САД

December 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?