Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маж во Велешко каснат од видра, која е реткост во Македонија, се смета дека е 45-иот во светот што го доживеал тоа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Маж во Велешко каснат од видра, која е реткост во Македонија, се смета дека е 45-иот во светот што го доживеал тоа
ЗАБАВА

Маж во Велешко каснат од видра, која е реткост во Македонија, се смета дека е 45-иот во светот што го доживеал тоа

Објавено January 16, 2025 19:14
Сподели
Сподели

Невообичаен настан се случил во Велешко пред десеттина дена, кога маж на возраст од 47 години бил нападнат и каснат од видра, која е реткост во Македонија и се смета дека има вкупно околу 350 до 400 единки, пишува ФОКУС.

Велешанецот, како што објави Фокус, одгледувал крапови кај Капиновски вирови, заминал да улови крап во вечерните часови, и ја забележал видрата која скокнала и му откинала парче месо од раката. Веднаш побарал лекарска помош во велешката болница, каде му била извршена хируршка интервенција.

За регионалните медиуми, веста ја потврдиле од ПР службата на ЈЗУ Општа болница Велес.

Велешани за случката велат дека не памтат некогаш да се случило човек да биде каснат од видра во нивната околина. Станува збор за животно кое е многу ретко во Македонија.

Таа живее околу природни и вештачки водни живеалишта, а се храни со риба, полжави, инсекти и змии. Напаѓаат само кога се чувствуваат загрозено и имаат остри заби и канџи.

Ветеринаи со кои разговарале од Фокус, велат дека во земји каде видрата е распространета, се случувало да нападне и да касне човек. Кај нас, а и пошироко на Балканот, бидејќи се работи за исклучително редок вид, ова можеби бил единствениот случај.

– Во Северна Америка на пример, каде има голем број на видри покрај водните површини, во последната декада биле забележани само шест случаи кога видра нападнала човек. На светско ниво, од 1875 година до сега, забележани, односно официјално се регистрирани само 44 напади на видра врз човек!

Видрите се територијални животни, ги има најмногу во Јужна Америка, во Амазонија. Тие се многу поголеми од останатите во светот, борбени се и ја бранат својата територија и живеалиштето во кое имаат млади, дури и против многу посилни противници како што се крокодилите (кајманите) и јагуарите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Марта Кос: Реална шанса Црна Гора да стане членка за време на мојот мандат
Следна Статија Познат идентитетот на напаѓачот во Словачка: Наградуван на натпревари и најдобар ученик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Денеска е голем празник: Иванден има лековита моќ

Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден. Именден празнуваат: Иван, Иванка, Ивана, Јанко, Јане, Јана… На свети Јован…

July 7, 2026
ЗАБАВА

Македонскиот зелник меѓу 10 најдобри пецива на светот

Македонскиот зелник се најде на деветото место на листата на гастро водичот TasteAtlas, меѓу десетте најдобри пецива во светот. Зелникот…

November 19, 2024
ЗАБАВА

Тектонски промени кои ќе траат до октомври за овие четири хороскопски

Плутон, малата, но моќна планета на погонот, трансформацијата преку траума и потсвеста, помина ретроградно низ знакот Водолија и ќе остане…

May 7, 2025
ЗАБАВА

Зошто е натепан менаџерот на Марија Шерифовиќ и Аца Лукас?

Саша Мирковиќ, сопственикот и директор на „Хајп продукција и телевизија“ и менацер на Аца Лукас и Марија Шерифовиќ е опериран…

May 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?