Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Водокрст – строг пост, а треба да ги направите и овие обичаи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска е Водокрст – строг пост, а треба да ги направите и овие обичаи
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Водокрст – строг пост, а треба да ги направите и овие обичаи

Објавено January 18, 2025 10:55
Сподели
Сподели

На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден. Затоа, поради важноста на јавувањето на Света Троица во водите Јордански, овој ден е наречен Навечерие на Богојавление (Водокрст, Водопост), и за него е определен еднодневен пост, како воведение во празникот на Просветлението. Мерата на постот за верниците, како и за останатите пости, се определува индивидуално, по силите на верникот и по благослов на духовникот, а се во склад со Преданието.

Богослужбите на овој ден го пресликуваат поредокот на навечерието на Рождеството Христово – Бадник. Се богослужат Царски часови, како и голема вечерна со Василиева Литургија. После входот со Евангелие и молитвата „Светлино тивка“ се читаат тринаесет паримии, затоа што во раната Црква токму на овој ден, и во овој дел од Литургијата се покрстувале сите огласени што претходно се подготвувале за Свето Крштение. Поредокот на остатокот на богослужбата го следи поредокот на Василиевата Литургија. По задамвоната молитва се преминува кон Голем водосвет, по кој сите верни се поросуваат со осветената вода, и пијат од неа. Никој не треба да отстапи од вкусувањето на осветената вода, затоа што поради благодатта на празникот се осветува сета природа и сета твар, и човекот треба да земе учество во оваа Тајна.

Постои благочестиво предание на овој и утрешниот ден со осветената вода да се попрскаат домовите на верниците, пеејќи го тропарот на Богојавление. Оваа вода се користи преку целата година, за по нејзината сила здравите да се укрепат, болните да се исцелат, демоните да се изгонат, непријателите да се одвратат и секое добро од Бога да се добие.

Според народните обичаи, на овој ден треба да се перат алишта и да се исчисти куќата. Секој од нас треба да каже „Кој се крсти со крст, пости на Крстовден“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над 220 граѓани ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје
Следна Статија Израелската влада го одобри договорот со Хамас за прекин на огнот и размена на заложници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се менуваат закони за „Безбеден град“, најавени поригорозни мерки

За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка…

July 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Средба на премиерот Мицкоски со неговиот унгарски колега Орбан

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил објави дека во рамки на самитот остварил средба со премиерот Виктор Орбан. Разговаравме…

March 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кос задоволна од владата: Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи на патот кон ЕУ

Имавме, мошне продуктивна средба со премиерот и во текот на денот ќе се сретнам и со претседателот на собранието, со…

July 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?