Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Примирјето во Газа одложено, Хамас не го доставил списокот на заложниците за ослободување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Примирјето во Газа одложено, Хамас не го доставил списокот на заложниците за ослободување
СВЕТ

Примирјето во Газа одложено, Хамас не го доставил списокот на заложниците за ослободување

Објавено January 19, 2025 10:14
Сподели
Сподели

Почетокот на примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Газа, кој требаше да започне во 8:30 часот (по локално време), е одложен откако Хамас не ги соопшти имињата на заложниците кои ќе бидат ослободени, изјави портпаролот на израелските вооружени сили, Даниел Хагари, цитиран од светските агенции.

Спорот не беше решен во определеното време. Хагари рече дека израелските одбранбени сили (ИДФ) „продолжуваат да напаѓаат, дури и сега, внатре во арената Газа“ и ќе продолжат додека Хамас не ги исполни своите обврски.

Во кратката, телевизиска изјава, Хагари рече дека политичкиот ешалон и наредил на ИДФ да го одложи спроведувањето на прекинот на огнот и дека ја задржува слободата да продолжи со нападите во Појасот Газа додека не стапи на сила примирјето.

Портпаролот рече дека ИДФ е целосно подготвена да го спроведе прекинот на огнот, но и дека е подготвена да дејствува доколку Хамас ги прекрши условите.

Во меѓувреме, Израел објави дека го пронашол телото на Орон Шаул, војник кој беше убиен во војната меѓу Израел и Хамас во 2014 година, во специјална операција. Телата на Шаул и уште еден војник, Хадар Голдин, останаа во Газа по војната во 2014 година и не беа вратени и покрај јавната кампања на нивните семејства.

Претходно денеска, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и нареди на војската на земјата да не започнува прекин на огнот во Појасот Газа доколку Хамас не ги објави имињата на заложниците што треба да ги ослободи, а набргу потоа Хамас објави дека групата сè уште не му доставила список на Израел од заложниците „од технички причини“.

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас требаше да стапи на сила денеска во 8:30 часот по локално време, а во текот на првата фаза, која се очекува да трае шест недели, 33 од 98-те преостанати израелски заложници, меѓу кои и жени, деца, мажи над 50 години, болни и ранети се планира да бидат ослободени.

За возврат, Израел ќе ослободи речиси 2.000 Палестинци од своите затвори

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Водици
Следна Статија Мицкоски со честитка по повод големиот празник Богојавление – Водици: Бог се јави!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку сегашниот ирански режим не е во состојба „повторно да го направи Иран голем“,…

June 23, 2025
СВЕТ

Од почетокот на војната во Иран загинале над 3.000 луѓе

Иранските медиуми, повикувајќи се на директорот на државната организација за судска медицина, Абас Масџеди Арани, објавија дека од почетокот на…

April 9, 2026
СВЕТ

Winapp: Нов командно-линиски алат на Microsoft за програмери

Microsoft претставува иновативна алатка за развој кој ќе го олесни работењето на програмерите

January 24, 2026
СВЕТ

Главниот уредник на CBS Бари Вајс ја повлече приказната на ’60 Minutes’, предизвикувајќи реакции

Главниот уредник на CBS Вести Бари Вајс ја повлечеSegmentот на 60 Minutes за наводните злоупотреби во центарот за притвор во…

December 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?