Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Од Скопје ќе се лета до Женева и до Париз, воведуваме две нови дестинации на барање на дијаспората
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Од Скопје ќе се лета до Женева и до Париз, воведуваме две нови дестинации на барање на дијаспората
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Од Скопје ќе се лета до Женева и до Париз, воведуваме две нови дестинации на барање на дијаспората

Објавено January 22, 2025 13:13
Сподели
Сподели

Од Министерството за транспорт информираат дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа:

Скопје -Женева
Скопје – Париз (аеродром Орли)

Овие две дестинации се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година.

Овие две дестинации се дел од финансиската подршка што ја овозможува Владата преку Министерството за транспорт, а се во рамките на отворениот јавен повик за подршка за воведување на нови авиолинии.

Би сакале да потенцираме дека јавниот повик е се уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат критертиумите предвидени со повикот.

Со овие две нови линии се зголемува бројката на 9 нови дестинации кои ги обезбеди Министерството за транспорт. Претходно се потпишаа договори за воведување на линиите:

Охрид – Истанбул
Охрид – Базел Мулхаус
Скопје – Дубаи
Скопје – Штутгарт
Скопје – Лион
Скопје – Барселона
и за истите се овозможува финансиска подршка по принципот на патник во доаѓање.

„Ова е уште една одлична вест за граѓаните, за авиосообраќајот и за државата. Ова е резултат на добрите политики што ги спроведуваме во делот на авиосообраќајот. Париз и Женева се две атрактивни дестинации за граѓаните. Верувам дека ќе поттикнеме и други авиокомпании да се јават на повикот, со некои и веќе преговараме и очекувам воведување и на други дестинации од домашните аеродорми. Имаме потенцијал, имаме капацитет и верувам дека повторно ќе ја зголемиме конкурентноста на аеродормите во регионот. Дополнително на граѓаните им овозможуваме нови дестинации, а на нашите од дијаспората олеснување во комунакцаијата со своите блиски овде во Македонија. Развојот на авиосообраќајот е дел од владините приоритети и еве се потврдуваат нашите напори и овој сегмент да го развивавме“- истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хамилтон седна во болидот на Ферари (ВИДЕО)
Следна Статија ДСЗИ бара дисциплинска постапка по смртта на новроденчињата- близначиња и стручен надзор во прилепската болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Девет хотели во Охрид почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад

Девет хотели од Охридската ривиера почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад. Станува збор за активност во рамки на заложбите…

February 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Елон Маск најавува историска инвестиција од 20 милијарди долари во Мисисипи

xAI на Елон Маск планира да изгради огромен податочен центар во Јужен Мисисипи

January 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Трамп: САД се во трговска војна со Кина

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа на прес конференција во Белата куќа соопшти дека Америка е во трговски конфликт со Кина.…

October 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите

Државниот пазарен инспекторат ќе биде зајакнат со 40 нови инспектори, кои треба да го поминат периодот на обука и кон…

January 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?