Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија нема друга алтернатива освен да ја водат учени луѓе, вели министерката Весна Јаневска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија нема друга алтернатива освен да ја водат учени луѓе, вели министерката Весна Јаневска
МАКЕДОНИЈА

Македонија нема друга алтернатива освен да ја водат учени луѓе, вели министерката Весна Јаневска

Објавено January 24, 2025 09:45
Сподели
Сподели

Министерството за образование и наука им го честита Меѓународниот ден на образованието на учениците, студентите, учителите, родителите и на сите на кои образованието им е важен дел од животот и ги повикува да учествуваат во процесите на градење здрав воспитно-образовен систем, кој ги пресретнува барањата на времето во кое живееме. Нашите деца имаат право на квалитетно образование и тие заслужуваат да направиме многу повеќе, за да им овозможиме да се развиваат како нивните европски врсници.

Образованието има приоритет за оваа Влада. Со најголем буџет досега, со речиси 40 милијарди денари, оваа година ќе вложуваме во сите сегменти – во нови училишта и реконструкција на постојните, во оптимизација на училишната мрежа, во едносменска настава и продолжен престој на учениците во училиште, во јакнење на образовната асистенција и инклузија по мерка на децата, во ученички и студентски стандард и високо образование кое дава врвни знаења, во јакнење на професијата наставник и во регулатива што ќе биде темел на сé ова. Нашите заложби се темелат на уверувањето дека Македонија нема друга алтернатива освен да ја водат учени луѓе, со квалитетни знаења, широки погледи и демократски капацитет, подготвени за борба на мислења, изградени низ системот на образование како личности со вредности, се вели во честитката на министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Министерството и Владата можат да направат многу, но за да го направиме исчекорот што ни е потребен кон создавање квалитетно образование, треба сите заедно, секојдневно да придонесуваме за безбедни училишта, поддршка за учениците, градење култура на дијалог, развивање емпатија, истакнување на моралните вредности.

Да им овозможиме на децата да растат и да се образуваат во средини каде можат слободно да ги споделат своите видувања. Денешните ученици се иднината на оваа земја. Вложувајќи во нив, придонесуваме за нивниот просперитет, но и за заедничкиот напредок, се додава во честитката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Томовски: Тендерот за обезбедување е со олеснети услови за 50%, зголемена конкуренција со заштеда на државниот буџет од 500.000 евра
Следна Статија Кривична пријава поради измама со ортопедски помагала, Фондот оштетен за 8,7 милиони денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Уставен суд денеска носи одлука за „балансерот“

Уставниот суд денеска на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на терен: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето „Јасен“

Премиерот Христијан Мицкоски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска го посетија ловиштето „Јасен“ каде веќе…

August 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес e Св. Јован Златоуст: Се верува дека жените не треба да ги земаат ОВИЕ работи во раце

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 ноември. Денеска е Св. Јован Златоуст. Свети Јован Златоуст е еден…

November 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Грчки војник од Балканските војни: Тие не се Бугари, ни Срби, ниту пак Грци, тие се православни Македонци

Во романот „Живот во гробница“ авторот Стратис Миривилис, кој бил грчки војник учесник во Балканските војни, пишува дека кога војувал…

January 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?