Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Планирале терористички напади, уапсени четири лица кои формирале терористичка ќелија по теркот на ИСИС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Планирале терористички напади, уапсени четири лица кои формирале терористичка ќелија по теркот на ИСИС
ХРОНИКА

Планирале терористички напади, уапсени четири лица кои формирале терористичка ќелија по теркот на ИСИС

Објавено January 24, 2025 11:31
Сподели
Сподели

Како резултат на континуираните активности за превенирање и сузбивање на заканите од тероризам, на 23.01.2025 во координирана акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и Агенцијата за национална безбедност, а под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, беа извршени претреси на дом и други простории на пет локации во Скопје и Гостивар, соопшти МВР.

При претресите пронајдени и одземени се повеќе предмети меѓу кои автоматска пушка, пиштол, пропаганден материјал, телефонски апарати, компјутерска опрема и други предмети кои ќе бидат предмет на понатамошни форензички вештачења. Лишени од слобода се четири лица, за кои од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до надлежниот обвинител е поднесена кривична пријава за кривично дело „терористичка организација“, предвидено и казниво по член 394 а.

За првопријавениот постојат основи на сомневања дека создал терористичка ќелија во која што со активно учество делувале останатите три кривично пријавени лица. Намерата на членовите на терористичката ќелија била извршување на терористички акт на цивилни или така наречени  меки цели односно јавни објекти на територија на Република Северна Македонија со намера да се создаде чувство на несигурност или страв кај граѓаните. Ќелијата делувала од позиција на идеолошка матрица на познатата терористичка организација ИСИС и за остварување на намерата прво пријавениот формирал повеќе групи на социјалната мрежа Телеграм, во кои што споделувал претходно набавен и преведен пропаганден материјал на ИСИС и регрутирал нови членови, се обидел да набави огнено оружје, а набавил и упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи кои што потоа ќе ги искористат за извршување на терористички напади, стои во соопштението.

Останатите членови биле дел од телеграм групите, каде што се споделувале преведени материјали кои претходно биле преземени од официјални медиуми користени од терористичка организација ИСИС.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Хрватска започна бојкот на продавници и бензински пумпи поради високите цени, маркетите речиси празни (ВИДЕО)
Следна Статија Томовски: Тендерот за обезбедување е со олеснети услови за 50%, зголемена конкуренција со заштеда на државниот буџет од 500.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Млада штипјанка нападнала полицаец

На 26.01.2025 во 01:40 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода И.М.(22)…

January 26, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Апсење кај Градско, пресечен транспорт на дрога

На 03.04.2026 од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во содејство…

April 4, 2026
ХРОНИКА

Исчезна полски државјанин на Водно

На бројот за итни повици 112 во ЦУК пријавено е исчезнување на машко лице, полски државјанин на падините на Водно.…

September 26, 2025
ХРОНИКА

Три жени кршеле во угостителски објект, ги нападнале и газдите

Вчера во 09.55 часот во Тетово на градскиот плоштад, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Х.Џ.(34), М.Џ.(33)…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?