Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари
ХРОНИКА

Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари

Објавено January 27, 2025 12:31
Сподели
Сподели

Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на денешното рочиште, побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото ОЈО Скопје во случајот поради несоодветно спроведена истрага.

Судијата Ивица Стефановски, судењето го одложи за 3 февруари, посочувајќи дека мора да остави простор Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски се произнесе по наводите во барањето за изземање.

Палевски, изнесувајќи го предлогот, пред судот рече дека причините и доказите се содржани во двата обвинителниот акти кои се споени во една судска постапка, но и за лажно сведочење на сведок, докази кои, како што рече, ги приложува со барањето за изземање. 

– Исто така, приложено е вештачење на телефон, базни станици и докази од вашата обвинителка. Сите овие докази се изготвени по наредба на надлежната јавна обвинителка Јосифовска, која иако ги знаеле доказите без да ги вештачи телефоните на сведокот. Криење на оружје 421 истражен ден, нерасчистивање на таа важна околност дали обвинетиот или обвинетите поседуваат оружје е најсериозно кривично дело што еден ЈО може да го направи, изјави Палевски.

Јавната обвинителката, нагласи Палевски, во листата на докази заборавила да ја стави и чаурата пронајдена и вештачена на местото Рудник, посочувајќи дека тој како обвинет ја приложува како доказ таа чаура.

– Доставувам и доказ.  Сообвинетиот Боро Видевски поседува пиштол зборевка со дозвола и ловна пушка мозберг. Второ, криминалистичката пракса покажува дека вакви злосторства се вршат со оружје купено на црн пазар, но тоа требало да го разоткрие обвинителката, а на вас да одговори зошто не го сторила. При претрес во неговиот дом, пиштолот не евидентиран и не постои. Зошто јавната обвинителка не го зела тоа во предвид е само уште еден доказ за намерата на креирање на обвинение без докази. За обвинетиот Боро Видевски нема потврда за привремено одземени предмети од СВР Велес и во списите од Обвинителството не постои, изјави Палевски.

Сите докази, нагласи Палевски не се наоѓаат во новиот систем на МВР, туку во стариот Хост.

– Се уште постојат правдољубиви лица во МВР и вакви сериозни пропусти и докази за лоша истрага и ги доставија до одбраната. Сето ова е доказ за лошата истрага на вашата обвинителка, кажаизјави Палевски.

Според него, прашања на кои обвинителка мора да одговори, се каде е пиштолот сопственост на еден од обвинетите, зошто 421 ден ЈО не го расчистија овој факт и зошто чаурата не ја приложила како доказ. 

-Целата лоша слика за ЈО е поради спроведување на вакви политички наредби и истраги. Затоа нека остане трага дека е докажано кривично дело на јавен обвинител во истрага, изјави Палевски.

Обвинителството, пред денешното рочиште најави дека ќе продолжи со изведување на материјални докази, и по завршување со тоа ќе биде испитан сведокот Гоце Трајковски. 

Трајковски, кој е предложен како сведок во овој случај, а осомничен за друго тешко кривично дело – подметнување пожар, на 23 јануари 2025 сам се пријавил во полициска станица и ќе биде сослушан на следното рочиште.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нејмар се согласил да се врати во Сантос
Следна Статија (Фото) Пронајдено безживотно тело на улица во Аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Во минибус на Табановце запленети девизи од половина милион евра

Секторот за контрола и истраги преку Одделението за оперативни работи спречи обид за нелегален пренос на готовина во износ од…

May 20, 2026
ХРОНИКА

Кочанчанец физички го нападнал својот татко

На 25.07.2025 во 20.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го привеле Р.А.(32) од Кочани, поради тоа што…

July 26, 2025
ХРОНИКА

Царината заплени возило адаптирано за криумчарење, фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки

Во текот на изминатите денови се спречени обиди за криумчарење на разна стока, а во еден случај е запленет автомобил специјално…

January 14, 2025
ХРОНИКА

Лидија Димова осудена на казна затвор од две години

Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија…

September 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?