Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зaпреа американските пари за невладините во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Зaпреа американските пари за невладините во Македонија
МАКЕДОНИЈА

Зaпреа американските пари за невладините во Македонија

Објавено January 27, 2025 17:17
Сподели
Сподели

Амбасадата на САД од утрово ги информира сите невладини и други организации што веќе имаат добиено, па речиси и реализирано проекти во Македонија – да запрат со реализацијата и ништо да не исплаќаат, во согласност со извршната наредба на новиот претседател Доналд Трамп кој ја замрзна странската помош за сите земји, oсвен за Израел и Египет на 90 дена. Ваквото барање беше студен туш за сите што веќе работат со амбасадата, бидејќи очекувањата беа дека наредбата ќе се однесува за новите проекти, а не за тековните.

Ова практично е првата последица од новата администрација на САД, а очекувањата се дека ќе има повеќе, откако Трамп ќе почне да се справува со негативниот трговски биланс што го има со Европа, а можно е и македонски граѓани да бидат погодени од депортациите, иако засега нема такви информации.

Генерално, помошта на САД во Македонија се менаџираше преку проекти на амбасадата и преку агенцијата УСАИД, а беше фокусирана на владеење на правото, на сајбер безбедноста, на животната средина, на развој на демократијата, подобрување на конкурентноста, на борба против корупцијата и за поголемо граѓанско учество. Само за судскиот систем САД дадоа речиси половина милијарда долари помош, што беше повод амбасадорката Ангела Агелер да се пожали во една прилика дека „зборувањето не е без пари“, односно дека се потрошени многу пари во јакнење на независноста на правосудството, а довербата во него сѐ уште е многу ниска.

САД даваа помош и за пандемијата (околу милион и пол долари), а вкупно од 1993 година, од кога работат на овој начин со Македонија, дадоа помош од речиси една милијарда долари, надвор од воената. Иако на удар на наредбата се главно невладини организации и медиуми, преку УСАИД помош добиваа и владини и други институции.

Упатството што во петокот го објави државниот секретар Марк Рубио, издадено до сите дипломатски и конзуларни претставништва, бара од вработените да издаваат „наредби за стопирање на работата“ за речиси сите „постојни награди за странска помош“ и тоа веднаш. Според оценката на „Политико“, кој прв ја објави веста, се чини дека тоа оди подалеку од неодамнешната извршна наредба на претседателот Доналд Трамп, која му наложи на Министерството да ги паузира грантови за странска помош на 90 дена во очекување на разгледување од секретарот

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 79 години од објавувањето на Македонската граматика од професорот Круме Кепески
Следна Статија Овен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тозија: Почит за нашите херои во бело

Во овие тешки моменти, здравствените работници неуморно се борат за секој живот. И покрај уморот тие даваат се од себе…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт

Локализиран е пожарот што избувна во местото Аквадукт, во близина на улица „Словенечка“, каде гореше ниска вегетација и ниска стеблеста…

September 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека “Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата…

June 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Давитковски: Да се подели судскиот процес за кочанската трагедија – во спротивно судењето ќе трае долго

Ако не се подели судскиот процес за трагедијата во Кочани судењето ќе се развлече и ќе трае многу долго вели…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?