Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Немало разговори албанскиот да стане службен јазик во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Немало разговори албанскиот да стане службен јазик во Македонија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Немало разговори албанскиот да стане службен јазик во Македонија

Објавено January 28, 2025 15:32
Сподели
Сподели

Немало такви разговори, вели премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја изјавата на министерот за здравство Арбен Таравари, кој во гостување на ТВ21 тврдеше дека во рамките на мандатот на оваа влада албанскиот јазик веќе нема да стои во Уставот како јазик кој го зборуваат 20%, туку македонски јазик и албански јазик. Верувам дека во овој мандат…

Службени јазици во Македонија ќе бидат македонскиот јазик и не јазикот на „20%“ од оние што живеат во Македонија, туку албанскиот јазик, рече Таравари.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски ја коментираше и втората изјава од гостувањето на Таравари во емисијата дека како што премиерот бил против Коридорот 8 и против Преспанскиот договор, но ги прифатил, на крај ќе ги прифати и уставните измени.

Мислам дека не е тоа така кажано, како што вие го цитирате. Не сум бил против Коридорот 8, да сум бил против Преспанскиот договор и да точно е откако на насилен пат се носеа пратеници да гласаат за уставните измени и откако сето тоа стана реалност, уште во опозија пред 4-5 години реков не можеме да ја игнорираме реалноста. Никогаш не сум бил против Коридорот 8, тоа што вие го цитирате не беше така кажано од господинот Таравари, но во ред, повторно ќе кажам, во духот на растурање пердувите ќе се обидеме да ги фатиме и јас категорично ве демантирам дека така беше кажано. Кога станува збор за уставните измени, можеме да зборуваме за нив, но истовремено може да зборуваме за други работи кои ние ги бараме и кои што се дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ позади кои застана повеќе од половина милион граѓани. Јас немам намера ниту милиметар да се поместам од тоа што сум го кажувал, го кажувам сега и ќе го кажувам во иднина. Барам решение, достоинствено решение. Имаме достоинствено решение, а тоа се уставни измени со одложено дејство, повелете да разговараме, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најмалку 18 повредени меѓу кои дете и бремена жена- автобус удрил во луѓе на автобуска во Србија
Следна Статија Струмичани в сабота ќе излезат на протест против загадувањето на воздухот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето на креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции.…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mуцунски и бугарската министерка се слушнаа по телефон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Република…

June 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Амбасадата на САД потврди дека Агелер си заминува од земјава

Амбасадорката Анџела Агелер е меѓу дипломатите од кариера кои се отповикани како дел од неодамнешната одлука на претседателот Доналд Трамп…

December 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи

Рано наутро во понеделник, политичкиот аналитичар Арсим Зеколи почина на 60-годишна возраст. Тажната вест ја објави неговиот брат, д-р Шефкет…

June 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?