Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хамас ослободи осум израелски и тајландски заложници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Хамас ослободи осум израелски и тајландски заложници
СВЕТ

Хамас ослободи осум израелски и тајландски заложници

Објавено January 30, 2025 17:08
Сподели
Сподели

Палестинското движење Хамас во Газа ослободи осум заложници и ги предадоа на Црвениот крст, но размената беше проследена со хаотични сцени пред насобраните палестински граѓани.

Во замена, Израел треба да ослободи 110 палестински затвореници.

Прва беше ослободена 20-годишната израелска војничка Агaм Бергер, во бегалскиот камп Џабалија во Северна Газа. Потоа следеше предавањето на уште двајца израелски граѓани – Арбел Јехуд (29) и Гади Мозес (80), како и на петмина тајландски работници, кои беа киднапирани на 7 октомври 2023 година за време на нападот на Хамас врз Израел.

Особено внимание привлече ослободувањето на Јехуд во Хан Јунис, каде што стотици припадници на Хамас и Исламски џихад се наредија како демонстрација на сила. Палестинска толпа, делумно сместена на урнатините од бомбардирани згради, ја опкружи заложничката, додека маскираните милитанти ја придружуваа низ хаотичната атмосфера.

Израелските одбранбени сили (ЦАХАЛ) соопштија дека сите ослободени заложници се безбедно вратени во Израел.

Ова е трета размена на заложници за палестински затвореници од почетокот на примирјето.

Во рамки на прекинот на огнот, стотици илјади Палестинци се враќаат во своите домови во Газа, но со мешани чувства – радост за враќањето, но и тага за загубените блиски во 15-месечниот конфликт, кој ги разурна северните делови на појасот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од еден ден, се прошири на седум: Во Хрватска нов бојкот на продавниците
Следна Статија Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

20 се малолетници, идентификувани сите 40 жртви од пожарот во Кран Монтана

Швајцарските власти ги идентификуваа сите 40 жртви од пожарот што избувна на новогодишната ноќ во барот „Констеласион“ во одморалиштето Кран-Монтана,…

January 5, 2026
СВЕТ

Претседателот на Европскиот совет е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, синоќа изјави дека е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа, поради проширената израелска офанзива,…

May 18, 2025

Трамп им благодари на Иран за запирање на егзекуциите додека неговите сојузници го обесхрабруваат воениот напад

Претседателот Доналд Трамп во петок му благодари на иранската влада што не егзекутира стотици политички затвореници, очигледно повлекувајќи се од…

January 18, 2026
СВЕТ

Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговото трпение со рускиот претседател Владимир Путин „истекува“ и најави нови остри економски…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?