Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од еден ден, се прошири на седум: Во Хрватска нов бојкот на продавниците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Од еден ден, се прошири на седум: Во Хрватска нов бојкот на продавниците
БАЛКАН

Од еден ден, се прошири на седум: Во Хрватска нов бојкот на продавниците

Објавено January 30, 2025 16:58
Сподели
Сподели

Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспектор“ која започна бојкот на продавниците, ги повика граѓаните од денеска да не купуваат одредени производи и да бојкотираат одредени трговски ланци во период од седум дена.

Тие дополнително повикаа на општ бојкот на продавниците утре, по примерот на оној што се случи минатата недела.

Се повикуваат граѓаните да не купуваат во три меѓународни трговски синџири – Лидл, Еуроспин и ДМ, како и да не купуваат газирани пијалоци, вода и детергенти во ниту една продавница од денеска наутро до среда навечер. Исто така, хрватските граѓани се повикуваат воопшто да не трошат в петок, а планирано е бојкотот да опфати платежни трансакции, угостителски услуги, сместување, превоз и достава, се вели во повикот.

За време на бојкотот на бензинските пумпи и другите малопродажни продавници минатиот петок граѓаните потрошиле нешто повеќе од 28,5 милиони евра, додека седум дена претходно, пред бојкотот, биле потрошени околу 60,5 милиони евра. Минатиот петок, поради масовниот бојкот на продавниците, бројот на сметки за малопродажба во Хрватска е намален за 44 отсто во однос на претходниот петок, додека сумата на сметките паднала за цели 53 отсто.

Вкупниот број на фактури (во сите индустриски гранки, не само трговијата) падна за 29 отсто, а износот на фактурите за 36 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ристовски: Нема да се субвенционираат екипите од трета лига во било кој спорт
Следна Статија Хамас ослободи осум израелски и тајландски заложници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

УЖАС ВО БЕЛГРАД: Старец убиен со секира, осомничениот ја чекал полицијата и сам се пријавил

Утрово во центарот на Белград беше убиен 92-годишен маж, а за злосторството е осомничен 26-годишен маж, кој, според српските медиуми,…

June 3, 2026
БАЛКАН

Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони

Поплавите што зафатија делови од југоисточна Бугарија и брегот на Црното Море одзедоа три животи и принудија стотици луѓе да…

October 4, 2025
БАЛКАН

Тројца мажи се обиделе да ја запалат куќата на масовниот убиец од Србија

Полицијата во Младеновац уапсила тројца мажи кои во саботата вечерта се обиделе да ја запалат куќата на семејството на Урош…

October 28, 2024
БАЛКАН

Малолетник се јавил во полиција: Сакавме на врвот на „Вјесник“, но некој почна да пали картони

Загребската полиција потврди дека едно лице е уапсено поради пожарот во облакодерот на „Вјесник“. Како што неофицијално дознава „Јутарњи“, малолетник…

November 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?