Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД
СВЕТ

Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД

Објавено February 4, 2025 09:04
Сподели
Сподели

Кина ќе воведе царини од 15 отсто на увозот на течен природен гас (LNG) и јаглен од САД како одговор на американските царини, соопшти денеска кинеското Министерство за финансии.

Дополнително, ќе се применат 10 отсто царини за нафта и земјоделски машини увезени од САД. Овие мерки стапуваат во сила на 10 февруари, јави ДПА.

Пекинг исто така најави антимонополска истрага против американскиот технолошки гигант Гугл.

Американските царини од 10 отсто за сите кинески увозни производи влегоа во сила веднаш по полноќ по вашингтонско време (05:00 GMT), откако претседателот Доналд Трамп ги нареди мерките во саботата.

Царините за стоки од Канада и Мексико, исто така најавени од Трамп, беа привремено суспендирани најмалку на еден месец пред воопшто да стапат во сила, по постигнување договори меѓу САД и нивните соседи. Засега нема таков договор со Кина.

Вчера Трамп изјави дека разговори со кинеската страна ќе се одржат во рок од 24 часа.

Трамп победи на претседателските избори во ноември со ветување за високи царини на странските производи. Тој веќе воведе неколку трговски давачки за време на својот прв мандат од 2017 до 2021 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Целосна демонтажа на УСАИД, забранет влез за вработените
Следна Статија (Видео) Шакира го прослави освојувањето на Греми со своите синови: таа им се обрати и на имигрантите во САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Виетнамска тајкунка мора да собере 9 милијарди долари за да не биде погубена

Виетнамска тајкунка за недвижности Труонг Мај Лан е во трка за својот живот. Денес, 68-годишната жена ќе ја слушне судската…

December 3, 2024
СВЕТ

Политико: Маск наскоро поднесува оставка

Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на членовите на неговиот кабинет и на други блиски соработници дека Илон Маск, шеф…

April 2, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Ким Џонг-ун патува со оклопниот „зелен воз“ кон Пекинг

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, тргна од Пјонгјанг со својот препознатлив зелен оклопен воз и во утрово ја премина…

September 2, 2025
СВЕТ

Орбан: ЕУ се дави во корупција

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската Унија „се дави во корупција“, коментирајќи ја истрагата за наводни злоупотреби во проект…

December 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?