Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува судењето на штипјанецот кој крвнички ја уби Емилија Пешева
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почнува судењето на штипјанецот кој крвнички ја уби Емилија Пешева
ХРОНИКА

Почнува судењето на штипјанецот кој крвнички ја уби Емилија Пешева

Објавено February 10, 2025 08:55
Сподели
Сподели

Во Основниот суд во Штип денеска почнува судењето против Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември 2024 изврши убиство na 29-годишната Емилија Пешева.

Според истрагата на Основното јавно обвинителство, за убиството на штипјанката Пешева се обезбедени докази според кои обвинетиот на 1 ноември 2024 година, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.

Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на Јавното претпријатие „Исар“ за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој почнал силно да ја стега во пределот на вратот, при што  дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот, тој го напуштил местото и сам се пријавил во Полициска станица-Штип.

МИА тогаш информираше и за ставот на невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство, согласни дека ова убиство е фемицид.

Жртвата претходно пријавувала насилство, но постапката против Зејнелов кој го изврши убиството има запрено на 2 септември 2024 година, за што тогаш потврдија и од Центарот за социјални работи во Штип. Бети Пеева од Невладината „ЕХО“ од Штип за МИА изјави  дека подолг временски период бараат законски измени со цел кривичното гонење против насилнокот да оди по службена должност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп потврди дека сака САД да ја купат Газа
Следна Статија Продажбата на луксузни станови во Москва лани се зголемила за 40%, рипнала и цената за квадрат за 21%

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Адвокатот на Кешишев: Да не беше тој немаше да бидат пронајдени телата

Според Игор Ефремов, бранител на Влатко Кешишев, Судот не во целост ги зел олеснителните околности, особено фактот дека доколку не…

June 25, 2025
ХРОНИКА

Осум дена притвор за 43-годишниот родител кој нападна две деца од „Брегалница“ на фудбалскиот меч со „Шкупи“

Осум дена притвор доби 43-годишниот родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу…

August 25, 2025
ХРОНИКА

Прилепчани уплатиле пари на скопјанец за работа во Германија: Останале без пари и без работна виза

Вчера во 12.00 часот во ОВР Прилеп, две лица од Прилеп на возраст од 39 и 31 година пријавиле дека…

November 19, 2024
ХРОНИКА

49-годишен германец уапсен на „Табановце“, во возилото имал, дрога, ножеви и солзавци

На 08.02.2025 во 08.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Т.В.(49)…

February 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?