Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Еурактив“: Владата во Софија нема да преговара за омекнување на условите за почеток на преговорите на Скопје со ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Еурактив“: Владата во Софија нема да преговара за омекнување на условите за почеток на преговорите на Скопје со ЕУ
МАКЕДОНИЈА

„Еурактив“: Владата во Софија нема да преговара за омекнување на условите за почеток на преговорите на Скопје со ЕУ

Објавено February 10, 2025 14:42
Сподели
Сподели

Новата бугарска влада одбива да преговара со Македонија за олабавување на условите под кои Скопје може да ги почне преговорите за членство во ЕУ, наведува бриселскиот портал „Еурактив“.

Во текстот е наведено дека пред три години Бугарија и Македонија постигнаа договор со посредство на Франција за меѓусебни отстапки за деблокирање на процесот за европска интеграција на Западен Балкан. Владата во Скопје се согласи да го вклучи бугарското малцинство во својот Устав, а властите во Софија ветија дека ќе го укинат ветото за почеток на преговорите со Македонија.

„Еурактив“ понтаму ја пренесува изјавата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски дека се чека на избор на редовна влада во Софија за да почнат преговори за укинување на бугарското вето. Првите сигнали од бугарска страна, се додава во текстот, се дека нема да има обнова на дијалогот.

Според бугарската страна, вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот на Македонија не е билатерален проблем, туку е услов на Брисел кон Скопје. „Еуроактив“ пренесува и изјава на бугарски министер, кој вели дека се работи за т.н. француски предлог, кој беше усвоен со европски консензус и земјата строго ќе се држи до тоа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Kanye West повторно во центарот на скандал: Шокантни изјави на X!
Следна Статија ТикТок ќе се забрани доколку некоја појава од инцидент прерасне во пракса, вели Андоновски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана

Месната заедница Галичник објавува дека се избрани овогодинешните зет и невеста за Галичката свадба 2025 – Јован Филипоски и Лилјана…

May 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

14 години без Киро Глигоров: првиот претседател на независна Македонија

Денеска се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Делегација на Собранието, во…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Возете внимателно: На овие патни правци има густа магла

Од ЈП Македонијапат информираат дека утрово на одредени патни правци има намалена видливост поради појава на магла: Гајре – Попова…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе жежи и во септември: Пред нас е долго жешко лето со повремени бури, велат професорите од ПМФ

Летниот период (јули-август-септември) се очекува да биде со натпросечни температури, но и со нестабилности со локализирани врнежи. Во јули и…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?