Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рама за БИРН: Велиај останува градоначалник на Тирана, неговото апсење кршење на демократските стандарди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Рама за БИРН: Велиај останува градоначалник на Тирана, неговото апсење кршење на демократските стандарди
БАЛКАН

Рама за БИРН: Велиај останува градоначалник на Тирана, неговото апсење кршење на демократските стандарди

Објавено February 11, 2025 18:29
Сподели
Сподели

Албанскиот премиер Еди Рама апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, по налог на СПАК, го смета за кршење на демократските стандарди.

Во реакција за новинарската мрежа БИРН, Рама застана во одбрана на градоначалникот на Тирана, наведувајќи дека Ерион Велиај ќе остане на функцијата.

Рама го опишува неговото апсење како кршење на демократските стандарди и дека истражното досие наликува на обемен роман за ископувањата извршени во неговиот и во животот на неговата сопруга.

Посочил дека во досието на Велиај нема конкретно прашање за корупција.

-Не само што градоначалникот на Тирана нема да биде сменет од функцијата, туку неговото апсење создаде должност за нас да продолжиме да бидеме цврсти гаранти на правдата, промовирајќи што е можно поголема транспарентност за да се дојде до вистината. Значи, во основа се соочуваме со случај кој создава основано сомневање за истрага надвор од уставните колосеци и притвор во спротивност со демократските стандарди, изјавил Рама.

Според него, петгодишниот став на Социјалистичката партија и премиерот да не коментираат во ниту еден конкретен случај се сменило со вчерашното разрешување на градоначалникот на главниот град, да го затворат во ќелија без судски процес и да ја затворат неговата сопруга дома, мајка на шестгодишен син”.

Во првата реакција за апсењето на Велиај, Рама меѓу другото рече “Го одведоа од канцеларија и го затворија во ќелија без судење, го оставија градот без „глава“.

Медиумите објавија дека попладнево Рама во градското собрание остварил куса средба со петмината заменик- градоначалници на Тирана, но детали нема.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјанка нападната од сопругот
Следна Статија ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Србија доби ново одложување на санкциите за НИС

Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти дека санкциите против Српската нафтена индустрија (НИС) се повторно одложени, овој пат до…

April 26, 2025
БАЛКАН

Трагедија: Тинејџерка почина во Сараево по вадење заб

Шеснаесетгодишно девојче почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) по компликации по операцијата за вадење заб. Трагичната вест…

October 15, 2024
БАЛКАН

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

Словенија го легализираше таканаречено „потпомогнато“ самоубиство, кое граѓаните го поддржаа на минатогодишниот референдум. Со 50 гласови „за“, 34 „против“, и…

July 19, 2025
БАЛКАН

Kосово забранува продажба на енергетски пијалоци за лица под 18 години

Собранието на Косово го усвои предлог-законот за забрана на консумирање енергетски пијалаци за лица под 18 години. Пратеничката Фиторe Пацоли…

December 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?