Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп до Вучиќ : Се радувам на зајакнувањето на нашето партнерство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Трамп до Вучиќ : Се радувам на зајакнувањето на нашето партнерство
БАЛКАН

Трамп до Вучиќ : Се радувам на зајакнувањето на нашето партнерство

Објавено February 11, 2025 18:45
Сподели
Сподели

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, доби честитка од претседателот на САД, Доналд Трамп, по повод Денот на државноста на Србија.

Трамп во честитката наведува дека се радува на можностите што се отвораат за соработка меѓу двете земји.

„Во име на народот на Соединетите американски држави, ви упатувам најтопли честитки до вас и до граѓаните на Србија за вашиот Ден на независноста. Со нетрпение очекувам дополнително да го зајакнеме нашето партнерство, кое се потпира на сѐ посилните врски меѓу нашите земји, за заеднички да придонесеме за поголема безбедност и просперитет на граѓаните на Србија и САД“ изјави Трамп.

При тоа доадае:

„Ние многу го цениме значајниот придонес на Србија за меѓународната безбедност, без разлика дали тоа е поддршка на народот на Украина во нивната одбрана од руската агресија или придонесот на Србија во бројните мировни мисии ширум светот“.

Американскиот претседател ја изрази и американската поддршка за Србија на нејзиниот пат кон интеграција.

„Во годината што претстои, со нетрпение очекувам заеднички напори за унапредување на стабилноста и економскиот развој на Западен Балкан. Соединетите Држави целосно ја поддржуваат континуираната интеграција на Србија во евроатлантскиот простор, како и нејзините напори за промовирање на мирни и просперитетни односи со своите соседи и партнери во регионот“, се вели во честитката на претседателот Трамп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Харадинај: Поголем ајван од Курти нема, си имаме работа со вистинска будала
Следна Статија Коцевски по предлогот за разрешување: Моите одлуки се законски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Социјалистите на Еди Рама во убедливо водство на изборите во Албанија

Социјалистичката партија на албанскиот премиер Еди Рама води на парламентарните избори, по отворањето на првите гласачки кутии, објавува утрово „Албански…

May 12, 2025
БАЛКАН

Пишман аџија: Виктор Стојанов се откажа од блокадата на граничните премини кон Македонија

Блокадата награнични премини меѓу Македонија и Бугарија, која беше најавена за во недела од бугарската Фондација Македонија, е откажана. „Организаторите…

June 19, 2026
БАЛКАН

Гори облакодер на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

Голем пожар избувна синоќа околу 23 часот во облакодерот на хрватскиот весник „Вјесник“ на Славонската авенија во Загреб, кој се…

November 18, 2025
БАЛКАН

Вака денеска изгледа Баница, селото каде што е убиен Гоце Делчев (ФОТО)

Селото Баница каде што е убиен македонскиот великан Гоце Делчев денес се наоѓа на територијата на Грција, поточно  во северниот дел,…

May 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?