Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата со мерки за високите цени на храната, ограничување на маржите до крајот на април
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Владата со мерки за високите цени на храната, ограничување на маржите до крајот на април
ЕКОНОМИЈА

Владата со мерки за високите цени на храната, ограничување на маржите до крајот на април

Објавено February 12, 2025 08:15
Сподели
Сподели

По порастот на цените на основните прехранбени производи и граѓанските бојкоти што беа организирани во изминатите две недели, Владата донесе одлука да ги ограничи маржите во трговијата на мало до 10 проценти и исто толку и во трговијата на големо. Извештајот на Државниот пазарен инспекторат покажа дека кај трговците на мало утврдено е дека имало над 20 проценти маржа на основните прехранбени производи и над 30 проценти маржа кај средствата за лична хигиена. Кај увозниците дистрибутери утврдени се повисоки маржи кои оделе дури и до 50 проценти.

Ограничувањето на маржите ќе трае до 30 април, а ќе бидат опфатени основните прехранбени продукти, како и детергентите и бебешката храна. Министерството за економија ќе разгледува дали покрај оваа мерка, ќе има потреба да се носат и дополнителни кошници. До петок треба да се изврши и контрола кај производителите на млеко и млечни производи и производителите на месо и млечни производи.

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10-процентно ограничување на маржата во трговија на мало и за 10 проценти на трговија на големо на основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, но истата да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите, како и со бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа, а истите се дел од основните потреби на граѓаните. Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи, изјави вчера портпаролката на Владата, Марија Митева.

Препорака до маркетите е да ги објавуваат цените на нивните производи и на дневна основа редовно да ги ажурираат.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најавува дека најдоцна до утре ќе биде доставена Предлог-одлуката за ограничување на маржите. Ќе бидат опфатени производите од есенската потрошувачка кошничка надололнети со непрехранбени производи кај кои се забележани високи маржи.

– Ќе има околу 100 групи на производи. Ќе се додадат и непрехранбени производи затоа што анализата на Државниот пазарен инспекторат покажа дека има вакви производи каде е зголемена маржата. Одлуката ќе важи до 30 април и ќе бидат опфатени и двата големи празника – Велигден и Рамазан, изјави вчера Дурмиши.

Најави дека денес или утре ќе се одржи и состанокот со надлежните институции на кој ќе се разговара за мерките коишто би имале подолгорочен ефект.

По примерот на Хрватска, изминатите две недели во петок преку социјалните мрежи граѓаните во земјава беа повикани да ги бојкотираат големите трговски ланци поради високите цени на основните прехранбени производи. Првата акција покажа дека прометот во осумте најголеми трговски ланци беше намален за речиси 50 проценти, а во вториот бојкот минатиот петок паднат за 22,12 проценти.

Поради високите цени, а во пресрет на новогодишните празници од 15 декември до 15 јануари, беше креирана и новогодишна кошничка која вклучуваше намалување на основните прехранбени производи. Вклучуваше 1178 производи од 96 производители и дистрибутери, а беа вклучени 51 маркет. Креирана беше на иницијатива на бизнис секторот, но уште на самиот почеток имаше реакции од граѓаните дека за сметка на производите што се намалени, зголемени се цените на други производи по што Владата апелираше до трговците да покажат општествена одговорност и да се придржуваат до договореното.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
Следна Статија САД ќе банкротираат без кратења на федералните трошоци, смета Маск

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на бензините се намалува од половина…

March 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: МЕПСО ќе биде под Министерството, ЕСМ останува под Влада

Не може под исто министерство да биде производството на струја и дистрибуцијата, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини…

January 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски во Будимпешта: Економскиот развој и евроинтеграциите остануваат врвни приоритети за Владата

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во работна посета на Будимпешта каде денеска оствари средба со Балаш Орбан,…

January 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Постигнавме историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари

Постигнавме историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари, објави на својата Фејсбук страница премиерот Христијан Мицкоски.…

December 14, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?