Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Палевски повторно побара изземање на обвинителите од случајот за убиството на Вања и Панче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Палевски повторно побара изземање на обвинителите од случајот за убиството на Вања и Панче
ХРОНИКА

Палевски повторно побара изземање на обвинителите од случајот за убиството на Вања и Панче

Објавено February 14, 2025 12:46
Сподели
Сподели

Љупчо Палевски Палчо, обвинет за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на почетокот од денешното судење побара изземање на јавните обвинителки во процесот, Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитриевска и шефот на ОЈО Скопје, јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

Причините поради кои Палевски бара изземање, се, како што рече, злоупотреба на дејствувањето и непристрасност.

-Нова околност за изземање на јавните обвинители е фалсификување податоци за да можат да изготват фалсификуван доказ под реден број 180, телефонска анализа од 13.5.2024, а со цел нивниот сведок Ерол Османи под заклетва пред судот да лаже, рече Палчо.

Тврдеше дека во моментот кога сведокот тврдел дека тој поправал котел, бил во живо на поткаст.

Тој до судот достави Извештај од македонски Телеком и базни станици со вкупно 120 страни за период од 10.9.2023 до 10.12.2023 преку кои посочи дека не постојат податоци за базни станици за неговиот телефон.

-Зошто на ОЈО Скопје се спорни само моите податоци и зошто ОЈО Скопје брише и манипулира податоци, рече тој.

Најважниот доказ кој покажува зошто се бришани и манипулирани неговите базни станици на 28.11.2023, како што рече, е тоа што после поткастот во најголемата сообраќајна гужва тој е во Фиат Добло во правец на Автокоманда.

-Таму постои комуникација со мојата ќерка каде може да видите дека во 14:55 минути после поткастот праќам порака доцнам 5 минути. Во оваа комуникација користам 5Г интернет, со што не постои во извештајот, дополни тој.

Судењето продолжи со изведување на материјални докази кои што биле најдени на местото на убиствата како и извештаи од анализа на комуникациските уреди на Палевски.

Претходно, Обвинителството презентираше видео материјали на кои беше воочено движењето на возилата со кои била грабната Вања.

За случајот се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски кои се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Продолжен притворот за осомничените за убиството на 2-годишната Данка
Следна Статија Пандов: Има дел затворски полицајци во Шутка кои не треба да носат полициска униформа и го срамат цел затворски систем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

42-годишен маж е пронајден мртов во викендичка во Кавадарци

Кавадарчанец синоќа бил пронајден починат во викендичка, телото е дадено на обдукција, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи –…

September 4, 2025
ХРОНИКА

Мaж пронајден во бессознание во река во Гевгелија, починал во болница

На 11.10.2024 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека дека околу 08.15 часот во Гевгелија, на место викано „Смрдлива вода“,…

October 13, 2024
ХРОНИКА

Двајца државјани на Македонија загинаа во сообраќајка на автопатот Белград-Ниш

Сообраќајна несреќа се случила утрово на автопатот Белград-Ниш, при што загинале две лица, а едно е повредено, дознава Танјуг. Според…

December 21, 2025
ХРОНИКА

Трагедија: Загинаа маж и 20-годишно момче на патот Ресен – Битола

Момче од Охрид на 20-годишна возраст е втора жртва во големата сообраќајна трагедија што се случи денеска попладнето на патот…

August 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?