Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема потреба од промена на химната, симболите треба да обединуваат, а не да разединуваат, порача Сиљановска Давкова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нема потреба од промена на химната, симболите треба да обединуваат, а не да разединуваат, порача Сиљановска Давкова
МАКЕДОНИЈА

Нема потреба од промена на химната, симболите треба да обединуваат, а не да разединуваат, порача Сиљановска Давкова

Објавено February 21, 2025 15:50
Сподели
Сподели

Нема потреба од промена на химната одговори денеска претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова која појасни дека треба да се биде претпазлив околу промената на државните симболи.

„Ако ме прашувате за химната, апсолутно мислам дека нема потреба од промена. Химната никогаш не одразува сегашност туку секогаш изразува историска меморија, генеза и ние немаме право. Јас не сум чула луѓе да менуваат, дури и во рамките на ЕУ, во обидот да се донесе Уставот во 2005 година, беше предвидена химна, но не дојде до тоа. Сите народи низ историјата креирале песни или химни кои се најважниот државен симбол. Текстовите на химните во најголемиот број на држави се во Уставот. И описот на знамето во најголемиот број на држави е во Уставот. Грбот е опишан во Уставот, во законот над законите“, кажа Сиљановска Давкова при посетата на Македонската академија на науките и уметностите.

Околу промената на државниот грб, вели дека е точно дека тој содржи „симболи кои што повеќе укажуваат на географијата отколку на нешто што било белег низ историјата“.

Додава дека има дилема околу моментот на отворањето на прашањето.

Не негирам дека низ историјата, најприсутнот симбол бил црвениот лав на златната основа, не го негирам тоа, го кажуваа тогаш и во Собрание, но, мојата дилема е дека секогаш кога почнуваме да разговараме за вакви етнички прашања и симболи, со таква страст тоа го правиме што не ни останува време за соочување со вистинските дилеми. Се плашам да не влеземе во нови страсни конфликти, симболите би требало да обединуваат, а не да разединуваат“, кажа претседателката на државата. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ на изборите на 16 март
Следна Статија Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска почнува летото, најдолгиот ден во годината

Летото на северната хемисфера, а со тоа и во Македонија, календарски започнува денеска, на 21 јуни, во 10 часот и…

June 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова и Филков: Потребен е нов Закон за помилување

Денес, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со министерот за правда, Игор Филков. Двајцата соговорници рaзговараа за соработката во процесот…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ќе поднесе ли Коцевски оставка?!

Политиката ја оставам на политичарите, имаме многу цврсти докази да ги добиеме на суд големите случаи како „Онкологија“, Пулс“ и…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

Во малото грчко село Нивици (Псарадес), на брегот на Преспанското Езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17…

June 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?