Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Шеикот од Муртино“ пак ја мати водата – во милионска трговија со челик од Русија преку неговата фирма во Дубаи, тврди Груевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Шеикот од Муртино“ пак ја мати водата – во милионска трговија со челик од Русија преку неговата фирма во Дубаи, тврди Груевски
МАКЕДОНИЈА

„Шеикот од Муртино“ пак ја мати водата – во милионска трговија со челик од Русија преку неговата фирма во Дубаи, тврди Груевски

Објавено February 24, 2025 08:35
Сподели
Сподели

„Во време на меѓународна градежна експанзија на Зоран Заев, со проневерени па легализирани пари од рекет и други злоупотреби, која уште додека беше премиер се одвиваше во три града во Швајцарија, потоа огромен комплекс апартмани се изгради во Туркмекистан, а сега актуелната градежна инвестиција во Дубаи од над 600 милиони евра, за која тој единствено кажа дека бројката на спратови не била 82 (не кажа дали се 83 или 78, колку квадрати се итн) и ништо друго не демантираше, а во недостаток на нешто со што би можел да ме нападне, деградира и да ја дефокусира јавноста, Заев со неговите инсталации во Македонија, охрабрен од неказнивоста, се обидува повторно да направи медиумска реминисценција на судскиот случај кој лично го креираше и го раководеше со цел создавање на негативна слика за мене со лажна информации и уценети сведоци“.

Ова го пишува поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук. Како и неколку пати до сега, Груевски објаснува дека бил неправедно кривични гонет во случајот „Плацови на Водно“ и дека никаков негов имот не е запленет.

„Во режирана и конструирана судска постапка, диригирана од режимот на Заев и од него лично, запленија неколку имоти на двајца скопски бизнисмени, кои со огромни притисоци и уцени кон нив, едниот како обвинет, а другиот како сведок, но со закана дека ќе го направат обвинет, ги прогласија за мои“, пишува Груевски и објаснува детали за случајот.

„Во меѓувреме, милионската трговија со челик од Русија преку фирма во Дубаи тече, а неговото семејство беа добиле покана со купени авио билети и авионски карти за присуство на камен темелникот на градежната инвестиција во Дубаи вредна над 600 милиони евра“, тврди Груевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 100 лица од Србија под истрага за злоупотреба на парите од УСАИД
Следна Статија Вучиќ ги однесе родителите на „Свински бајадери“ во Борча: После 100 години најдов време да ручам со нив (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Роднините на загинатите во пожарот во Тетово бараат нова истрага

Претставници на семејствата на жртвите од трагедијата во Модуларната болница во Тетово пред тетовскиот Основен суд одржаа прес-конференција, на која…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре кажете си ја ОВАА молитва: На втор ден Божиќ даваме чест на Пресветата Божја Мајка

На вториот ден од Божик, христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, која што го роди Господ и…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Миноски: Борбата против корупција и криминал!

Согласно сите релевантни извештаи, корупцијата е еден од најголемите предизвици за нашето општество. Затоа, сите активности на институциите насочени кон…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Конститутивна седница на Советот за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна

Денес во Кабинетот на Претседателката се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност. На седницата со која претседаваше претседателката Гордана…

November 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?