Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Голем дел од возовите не возеле зошто немале тркала, вели директорот Ивановски за состојбата во која ги начекал Железници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Голем дел од возовите не возеле зошто немале тркала, вели директорот Ивановски за состојбата во која ги начекал Железници
МАКЕДОНИЈА

Голем дел од возовите не возеле зошто немале тркала, вели директорот Ивановски за состојбата во која ги начекал Железници

Објавено February 24, 2025 11:11
Сподели
Сподели

Во синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува’’, гостуваше директорот на ЈП Железници инфраструктура на Македонија, Синиша Ивановски. Директорот го истакна фактот дека изминативе 8 години, минатото раководство се нема посветено на подобрување на инфраструктурата на железниците во Македонија.

За жал за 8 месеци не се стига се што 8 години било во тотален заборав, во тотален застој, но оправданија не треба да имаме, туку треба да се фатиме за работа, да веќе од оваа година пругата биде повторна операбилна до целосна проектирана состојба, нагласи Ивановски.

Тој додаде дека ситуацијата во железничкиот сообраќај е ваква каква што е, само поради незаинтересираноста и немањето квалитетен кадар.

Погрешни кадри, не мотивирани за работа, инспирирани од некои други дејствија, а не од општо добри дејствија. Такви директори, таков министер имале кои што железницата не им била во видокруг. Тотално заборавена и демотивирана и затоа ние после години и години немавме и меѓународна линијa, истакна Ивановски и продолжи: „Добар дел од возовите не биле во функција затоа што немале тркала. Толку звучи смешно, толку звучи несериозно’’, потенцираше Ивановски и дополни дека ова се случувало затоа што немало кој да направи јавна набавка за купување на тркала.

Тој најави дека целта и визиите на Владата за железничкиот сообраќај е да се поврземе со Солун и Белград, односно поврзување на коридорите 8 и 10д.

„Да бидеме поврзани со регионот, за неполни 8 години да имаме брз воз, патнички од 200 километри на час, а товарен со 120. За јавноста патничкиот е поинтересен. Да ве седнеме во Скопје во воз и за неполни 2 часа да бидете во Солун, да бидеме за 2 часа и нешто во Белград, притоа доста е поекономичен транспортот, доста побезбеден и многу поеколошки’’, заклучи Ивановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Член на администрацијата на Трамп кој се сретна со Мицкоски стана заменик шеф на ФБИ
Следна Статија Реконструкција на ГОБ „8 Септември“ и охридскиот аеродром вредна 14,7 милиони евра – Роботска хирургија како новина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Загубите на вода во Македонија лани изнесувале 63,05 проценти

Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба…

May 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет, не знам кој глас треба да допре до ЈО за да постапи

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва од собраниската говорница рече дека има неколку стотици случаи од Министерството за внатрешни работи и финансиската…

November 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Расипаниот радар нема влијание на безбедноста, објаснуваат од М-НАВ

Од М-НАВ информираат дека се работи на отстранување на дефектот на еден од радарите на Меѓународниот аеродром Скопје и дека…

September 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во Акцискиот план за малцинства

Жалам што уште еднаш ја испуштија шансата дека се добри соседи, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го тоа што…

January 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?