Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со Марникс ван Рај, висок претставник на ММФ: Политиките на централната банка имаат голем придонес за макроекономската стабилност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со Марникс ван Рај, висок претставник на ММФ: Политиките на централната банка имаат голем придонес за макроекономската стабилност
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со Марникс ван Рај, висок претставник на ММФ: Политиките на централната банка имаат голем придонес за макроекономската стабилност

Објавено February 25, 2025 18:13
Сподели
Сподели

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со Марникс ван Рај, заменик извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој е во посета на нашата земја во рамките на редовната мисија на ММФ за оцена на макроекономските политики на земјата.

На средбата се зборуваше за политиките на централната банка во изминатиот период на последователни кризи, како и за предизвиците за следниот период. Притоа беше оценето дека соодветно поставените политики и преземените мерки придонесоа за значително намалување на инфлациските притисоци, одржување на стабилноста на девизниот курс како номинално сидро, пораст на девизните резерви и за одржување на стабилноста на банкарскиот систем. Сите овие подрачја на редовна основа се разгледуваат со претставниците на ММФ во рамките на мисиите поврзани со членот 4 од договорот за членство во Фондот. Марникс ван Рај изрази позитивен став за начинот на спроведување на монетарната и макропрудентната политика од страна на Народната банка и нагласи дека е потребно натамошно претпазливо водење на политиките, со оглед на тековните ризици од надворешното окружување.

Гувернерката на Народната банка, Ангеловска-Бежоска, посочи дека централната банка е посветена на одржувањето на севкупната макроекономска стабилност и упати на потребата од внимателност, во услови на зголемени глобални неизвесности, но и домашни ризици. Воедно, таа се осврна и на банкарскиот систем, при што истакна дека Народната банка постојано презема повеќе макропрудентни мерки за понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор. Како резултат на овие мерки, податоците покажуваат унапредување на отпорноста на банкарскиот сектор во однос на преткризниот период, со највисока адекватност на капиталот во изминатите две децении.

На средбата со високиот претставник на ММФ беше зборувано и за значењето на независноста на централната банка за успешното остварување на нејзините законски цели.


Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновски: Со измените на Законот за електронски комуникации го спречуваме нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќа
Следна Статија Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Владата во моментов преговара со 15-тина странски компании за инвестирање во Македонија

Рекордно ниво на странски инвестиции во 2024-та од една милијарда евра и најави за инвестициски бум годинава. Со 8 нови…

January 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски за пругата кон Бугарија: Мора да се направи ревизија на цената, бидејќи е невозможно 560 милиони евра

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска во одговор на пратеничко прашање ја повика бугарската страна „да се охрабри…

November 28, 2024

Блекрок-овиот биткоин ETF доживува историски одлив на средства

Блекрок-овиотspot биткоин ETF забележува одлив на средства од 2,2 милијарди долари во ноември додека криптовалутата продолжува да паѓа

November 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Просечната плата во септември 45.466 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3 отсто повисока во споредба…

November 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?