Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски до Петровска: Резолуцијата во ОН ја гласавме во координација со САД, сите кои во периодов ќе го посетуваат Вашингтон ќе гласаат така – дали како партија ќе се извините на нов прес?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски до Петровска: Резолуцијата во ОН ја гласавме во координација со САД, сите кои во периодов ќе го посетуваат Вашингтон ќе гласаат така – дали како партија ќе се извините на нов прес?
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Петровска: Резолуцијата во ОН ја гласавме во координација со САД, сите кои во периодов ќе го посетуваат Вашингтон ќе гласаат така – дали како партија ќе се извините на нов прес?

Објавено February 27, 2025 13:08
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на седницата на Собранието посветена на пратенички прашања одговараше на прашањето на пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ посветено на гласањето на резолуцијата за Украина во Обединетите Нации.

-Одлуката беше таква, затоа што имавме избор дали да застанеме меѓу првите во редот заедно со нашиот стратешки партнер САД или да поддржиме заеднички став на Европската Унија. Кога видовме дека во Европската Унија нема заеднички став по резолуцијата, тогаш беше логично да застанеме позади резолуцијата која што ја предложија Соединетите Американски Држави, изјави премиерот Мицкоски и истакна „на Советот за безбедност има постојани земји членки и земји членки кои се менуваат. Прашањето е зошто тие земји членки кои што се постојани или повремени, а се дел од ЕУ, не го блокираа носењето на резолуцијата на САД?! Зошто не гласаа против?“

Премиерот Мицкоски дополни дека истите тие земји членки ќе го посетуваат наредниот период Вашингтон со цел да се постигне одржлив мир. На крајот од тој процес ќе има резолуција која ќе наликува на оваа од Америка, на која ние како држава сме коспонзори, резолуција која сите ќе ја поддржат.

Мицкоски рече дека Македонија во целосна координација со САД гласала воздржано за изменетата резолуција која претходно помина на Советот на безбедност.

-Гледам дека сите во светот денес зборуваат за мир во Украина. Ако зборуваме за мир во Украина, а не сме со двојни стандарди, тогаш ајде да работиме за мир. Како се работи на мир? Се седнува, се разговара и се преговара. Се прогласува прекин на огнот на двете страни и се седнува на маса. Тоа е начинот како да се постигне мир и се разговара се до моментот додека не се постигне мир. Со воени дејства на теренот, со жртви, со раселени, не се постигнува мир. Токму тоа е резолуцијата на САД, кажа Мицкоски.

Гледајте за неколку месеци што ќе се случи. Ако јас погрешам подготвен сум да се извинам, но ако излезе вака како што ви кажувам тогаш ќе треба нова прес-конференција на вашиот претседател, само овој пат да не го „избањате“, да му ги кажете реално работите и да се извините, и порача Мицкоски на пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Трамп до министрите: Дали некој е незадоволен од Илон? Ако е, ќе го исфрлиме
Следна Статија Средба Муцунски – Агелер: Потврдено силното и стратешко партнерство меѓу САД и Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Пуштен во употреба регионалниот пат од Охрид до Св. Наум со инвестиција од 11,7 милиони евра

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции во инфраструктурата низ целата држава, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.…

June 14, 2025
ПОЛИТИКА

Мендух Тачи ja прекинал соработката со Европскиот фронт

Претседателот на Дeмократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи во четвртокот официјално го напуштил Европскиот фронт, дознава порталот Тетова сот. За…

October 3, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Граѓаните во првиот круг гласаа за Македонија, во вториот круг излезете уште помасовно

На денешниот настан во општина Лозово под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамки на…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25% повеќе пари за здравството од оваа година, владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира ветеното

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25% повеќе пари за здравството од оваа година, владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира ветеното.…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?