Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски до Ајдари: Поради аздисаноста на претходните функционери од вашата партија, буџетот не во состојба да понуди добри плати за граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски до Ајдари: Поради аздисаноста на претходните функционери од вашата партија, буџетот не во состојба да понуди добри плати за граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Ајдари: Поради аздисаноста на претходните функционери од вашата партија, буџетот не во состојба да понуди добри плати за граѓаните

Објавено February 27, 2025 15:20
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката на ДУИ, Рина Ајдари истакна дека не е заробеник на проценти и дека јавната администрација се соочува со голем проблем за наоѓање кадар без разлика дали се Македонци,  Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци поради аздисаноста на функционерите од нејзината партија и празнењето на државниот буџет што доведе до тоа истиот да не е во состојба да понуди добри плати. 

„Поврзано со прашањето и поврзано со примањата во јавната администрација морам да ви признам дека ние денеска во суштина имаме голем проблем да најдеме луѓе коишто ќе работат во јавната администрација без разлика дали тие се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци итн. Имаме отворени конкурси и молиме луѓе да се вработат, но не сакаат бидејќи имаат подобра и подобро платена работа. Верувајте ми, ова ви го кажувам од прво име“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Е сега има вработени како тие од Лотарија на Македонија, најголемиот дел активисти на вашата политичка партија  или блиски на активисти на вашата политичка партија кои пак самите си дадоа отказ. По формирањето на новата влада самите си дадоа отказ. Во суштина и не знам дали можам да им дадам статус на вработени бидејќи и не иделе на работа, а добивале плата. И потоа одговорното лице добива кривична пријава и бега, односно директорот. Бега од државата, наместо да дојде да се соочи и да каже зошто е тоа така, тој бега“.

Тој исто така додаде дека ваквата состојба е како резултат на примери како на, како што рече, бегалецот кој е на црната листа и кој додека беше на функција мислеше дека оваа држава е негова своевина.

„Еве јас јавно повикувам да има што повеќе апликанти Албанци, повеќе апликанти Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци да влезат во јавната администрација и не сум заробеник на проценти, само да има квалитетни и коишто се мотивирани да работат. Веднаш утре да почнат да работат. Не се пријавуваат нема интерес. Никој нема да дојде за 25 илјади плата. Знаете зошто? Затоа што еден друг бегалец којшто е на црната листа мислеше дека оваа држава е негова своина, си играше фудбалчиња, а по малку и си работеше во Лотарија, па по малку си изнајмуваше простории коишто ги натплаќаше едно 10 пати повеќе од пазарната сума, па малку повеќе си купуваше објекти во центарот на Скопје, туристички агенции за неговото семејство итн, истакна Мицкоски и додаде: 

„Така  се празнеше и се цицаше државниот буџет којшто сега не може да си дозволи поголема плата и поголеми примања за да можеме да бидеме атрактивни како сектор, за да има повеќе Албанци коишто ќе доаѓаат на работа коишто ќе бидат мотивирани да работат коишто ќе сакаат да работат и коишто ќе придонесуваат заедно со мене, со вас за нашата заедничка унитарна држава. Нема интерес. Никој нема за 22-23 илјади да дојде да работи“.

Мицкоски исто така додаде дека рамката на законот за правична застапеност е готова и дека се работи на тоа да биде уставен, апликативен и никој во иднина да не може да го оспорува и да прави политички поени на оваа тема.

„Рамката на идниот закон е готова уште пред Нова Година. И да, во рамките на коалицијата во којашто е Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата ВРЕДИ, политичката партија ЗНАМ, се работеше, се разговараше на решение коешто ќе биде уставно. Решение коешто нема да дозволи поедини политички партии, вработувањето коешто е уставно загарантирано да биде предмет на политичка дебата и политички собирање поени на одредени политичари коишто во отсуство на друга тема, немаат друга тема само тоа знаат и етнички ќе ги делиме сега работите“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АХВ нареди уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо
Следна Статија Мицкоски: Повикувам што повеќе Албанци во јавната администрација, но не се јавуваат за плата од 25.000 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Доктор Стојаноски: Во Македонија се хоспитализирани 64 пациенти, трансферирани се 101

Директорот на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, доктор Синиша Стојаноски ги посочи новите детали за бројот на хоспитализирани…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција

Денеска беа одбележани 45 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност на Министерството за…

March 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Надминат прагот на алармирање за загаденост на воздухот во Струмица, дадени препораки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Верниците денес го слават вториот ден од Велигден

Верниците денеска го слават вториот ден од големиот христијански празник Велигден. Бидејќи Велигден се слави три дена, Велигденскиот понеделник или наречен…

April 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?