Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И покрај решението на Уставен, продолжува „бетонизирање“ на Маврово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > И покрај решението на Уставен, продолжува „бетонизирање“ на Маврово
МАКЕДОНИЈА

И покрај решението на Уставен, продолжува „бетонизирање“ на Маврово

Објавено February 28, 2025 08:30
Сподели
Сподели

Во периодот од октомври 2024 до февруари годинава градоначалникот на Општина Маврово Ростуше Медат Куртовски потпиша триесетина решенија за одобрување на изградба на викенд куќи, хостели, пансиони и згради со апартмани и студија апартмани, традиционални куќи за потребите на туризмот (селски, планински, езерски) околу Мавровското Езеро. Оваа негова одлука доаѓа и покрај донесеното решението (од мај 2024 година) на Уставниот суд за укинување на урбанистичките планови во овој регион, се вели во соопштението на здружението за заштита на животната средина Спас за Маврово.

„Во услови кога веќе неколку години по ред алармираме на бетонизацијата на Мавровското Езеро, на изградените згради надвор од сите норми за објекти во Национален парк, предупредуваме на огромните проблемите со инфраструктурата (пат, водоводна мрежа, напојување со електрична енергија), Општината без никаква резерва потпишува согласности за изградба на нови и нови објекти. Тоа се прави и покрај тоа што уште лани во мај Уставниот суд ги укина урбанистичките планови донесени од советите на поранешната општина Маврови Анови и на Општината Маврово и Ростуше од 2001 односно од 2015 година.

Исто така треба да се има предвид дека е во тек постапката за ревалоризација на заштитеното подрачје Национален парк Маврово, во која е вклучено и зонирањето на паркот каде ќе бидат точно дефинирани градежните активности.

Законската можност за издавање на вакви одобрувања за парцели надвор од опфатот на урбанистичките планови едноставно не може да биде никакво оправдување ако се знае ситуацијата на теренот. А таму градоначалникот Куртовски очигледно ретко оди и без никаков проблем ги потпиша овие решенија неколку месеци пред крајот на неговиот мандат. Без ни малку обид конечно да покаже достоинство, морал, чест и барем еднаш да направи нешто за мавровскиот регион кој во неговиот мандат едноставно беше заборавен и злоупотребен.

Ги повикуваме надлежните органи ПОД ИТНО да го спречат ова самоволие на градоначалникот Куртовски кое непрекинато се спроведува изминатите години, а кое допринесува до урбано дивеење со несогледливи последици“, соопшти Спас за Маврово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавени документите за Епштајн, обвинителката: Ги има илјадници, ФБИ не ги испрати
Следна Статија Nvidia бележи раст на приходите од 114 проценти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Реконструкција на Владата во мај или јуни, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и…

March 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Жените се „моторот“ на општествените промени

На 20-тата Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која денеска се одржува во Градскиот парк во Скопје, премиерот…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонски државјани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин со специјален лет се враќаат во Македонија

Македонски државјани кои се наоѓаат во Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин, а побарале да бидат евакуирани, денеска од Ријад ќе…

March 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Херојот од Чучер-Сандево, младиот волонтер Иван Кукуновски е во стабилна состојба

Младиот волонтер Иван Кукуновски е во стабилна состојба и е згрижен на Клиниката за токсикологија во Скопје. Оваа информација ја…

July 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?