Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прости ми, нека ти е простено: Денеска е Прочка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Прости ми, нека ти е простено: Денеска е Прочка
МАКЕДОНИЈА

Прости ми, нека ти е простено: Денеска е Прочка

Објавено March 2, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Денеска православните христијани го празнуваат празникот Прочка. Прочка или Велики поклади е ден во православното христијанство кога верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на велигденскиот пост. Датумот на Прочка се менува зависно од датумот на Велигден, но секогаш е точно на 7 недели пред Велигден.

Прочка е манифест на искрената и пожртвувана љубов кон блиските, кој треба да го следи примерот за благосостојба, примирје и прошка помеѓу луѓето.

Целта и смислата на празникот е да го истакне проштевањето како дело на љубовта, а љубовта е основа на христијанското живеење. Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој обично завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

На тој ден е дозволено внесување на мрсна храна, пити, колачи и алкохол. Тоа е денот кога треба да бараме прошка и да се помириме со сите со кои сме се скарале, па затоа ги нарекуваат и „Проштени поклади“.

Денот пак, по Прочка се вика „Чист понеделник“ кога започнува големиот велигденски пост. Тој го означува и крајот на зимските, и почетокот на пролетните празници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Познато кога ќе биде погребан Саша Поповиќ
Следна Статија (Видео) Илјадници учесници на масовниот протест во Ниш

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нов криминал со шверц на половни возила од странство: Инволвирани цариници, шпедитери, возачи

Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги откри и спречи организирана мрежа во која увозници, шпедитери, возачи вработени во…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонски лекари вчера спасувале животи во Магдебург

Покрај двајцата лекари од Македонија на кои јавно им се заблагодари македонската амбасада во Берлин меѓу хероите кои вчера спасувале…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски кон граѓаните: Никогаш нема да дозволиме ниту Вас, ниту самите себе да се засрамиме

Се додека ја работиме оваа работа, нема пречка што е невозможно да се помести. Ќе работиме катадневно и Ве молам…

January 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Домот „11 Октомври“ во Ченто по скоро 40 години повторно ќе стане центар на културата

Во рамки на теренските посети на општините насловени „Каде што срцето е дома“, премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?