Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Апелација му ја намали казната на Боки 13 од девет на пет години за „Рекет“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Апелација му ја намали казната на Боки 13 од девет на пет години за „Рекет“
ХРОНИКА

Апелација му ја намали казната на Боки 13 од девет на пет години за „Рекет“

Објавено March 3, 2025 14:35
Сподели
Сподели

Апелација му ја намали казната на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 од девет на пет години затвор, дознава „Скопје1“. Судиите ја донеле пресудата поради нови околности кои довеле до поблага осуда. До нив била доставена обемна медицинска документација на осудениот, потпишувана од различни професори и доктори, како и од различни државни болници. Со ова, Јовановски е осуден на казна затвор од пет години, а за доиздржување има уште неколку месеци.

-Судиите разгледувале медицински-конзилијарни мислења, во кои се опишувала здравствената состојба на осудениот. Со нив, освен што се констатирало дека Јовановски не може да биде лекуван зад решетки поради тоа што затворот нема ниту терапии, ниту доктори, ниту услови, таму се нотирало и дека тој има инвлидитет бидејќи му е отстранет најголем дел од желудникот и тенкото црево. Во документацијата имало и извештаи за неговата состојба, по како што се наведува, две живото-загрозувачки операции додека бил во затвор, а дека сега има интестинална метаплазија, што може да резултира со гастричен-карцином. Нетретирањето на ваквите состојби, според докторите, можат да доведат фатални последици, пишува порталот.

Јовановски 13 беше осуден на девет години за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари“.

Тој моментално е на лекување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Експерти за дипломатската офанзива: Македонија е влијателен фактор на меѓународна сцена
Следна Статија Новиот директор на ФБИ го повика Конгресот да истражи како биле искористени парите испратени во Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Наставник нападнал ученик во училиште во Скопје

Вчера во 09.50 часот во СВР Скопје, С.С.(39) од Скопје пријавил дека околу 08.30 часот, неговиот малолетен син додека бил…

November 12, 2024
ХРОНИКА

Искршени фотографи од петтемина штипјани загинати во пожарот во кочанскaтa дискотека

Искршени се фотографите од петтемина штипјани загинати во пожарот во кочанското дискотеката, кои беа поставени на Градскиот плоштад „Слобода“ во…

May 19, 2025
ХРОНИКА

Удри по џебот за да им дојде памет -За еден ден изречени скоро 1000 сообраќајни казни

Според досегашните статистичко-компаративни анализи од континуираните и засилени сообраќајни контроли што се превземаат секојдневно на патиштата низ земјава, и натаму…

February 20, 2025
ХРОНИКА

Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов за убиството на Емилија Пешева

Основниот суд во Штип денеска му изрече доживотна казна затвор на Фадил Зејнелов за убиството на 29-годишната Емилија Пешева. На…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?