Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателката Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување и поставување на старешини со генералски чинови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претседателката Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување и поставување на старешини со генералски чинови
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување и поставување на старешини со генералски чинови

Објавено March 6, 2025 14:10
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во согласност со одредбите од Законот за одбрана, со укази изврши поставување на старешини на формациски места предвидени за генерали.

Бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, досегашниот началник на штаб во Командата за операции, е поставен за командант во Командата за операции во Генералштабот на Армијата.

Бригадниот генерал Бесник Емини, досегашниот командант во Командата за операции во Генералштабот на Армијата, е поставен за државен советник за политика и планирање во Директоратот за политика и планирање, кризен менаџмент и цивилно-воена соработка во Министерството за одбрана.

Бригадниот генерал Орце Јордев, досегашниот советник на началникот на Генералштабот на Армијата за обука, вежби и научени лекции, е поставен за директор на Генералштабот на Армијата.

Бригадниот генерал Симеон Трајковски, досегашниот директор на Генералштабот на Армијата, е поставен за советник на началникот на Генералштабот на Армијата за обука, вежби и научени лекции.

Полковникот Васко Коколански е разрешен од должноста командант на Командата за обука и доктрини и тој ќе биде поставен во Генералштабот на Армијата.

Полковникот Лулзим Нуредини е поставен на должност командант на Командата за обука и доктрини и со указ на претседателката е унапреден во чин бригаден генерал.

Сите потпишани укази од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се извршуваат веднаш.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски – Јандроковиќ: Унапредување на билатералните односи и поддршката на европскиот пат на Македонија
Следна Статија Митева: Бројките ги одразуваат стабилните економски перформанси – БДП за 2024 е 2.8%, а СДИ достигнаа над 1 милијарда евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за градежниот бум ширум државата: Македонија се сака со дела, правиме подобри услови за граѓаните

Годината ја започнавме со пуштање во употреба на еден ваков, преубав експресен пат кој што ги поврзува Куманово и Крива…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: До јули ќе го имплементираме „Безбеден град“ на цела територија, по 1 февруари почнуваат казните

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска најави дека системот „Безбеден град“ забрзано се шири и до летото следната година…

December 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Картичките на ЈСП ќе можете да ги надополните и онлајн

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје воведе можност патниците да ги надополнуваат своите картички онлајн. „Одлична новина на skopjebus.mk, надополни картичка онлајн…

February 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Нападите врз Уставниот суд ги сметам за комплимент

Нападите од поликата и од некои државни органи кон Уставниот суд ги сметам за комплимент за неговата работа, изјави денеска…

July 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?